VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Припрема на семето, производство и заштита на расад

За производство на здрав и добар расад, треба да се посвети внимание на неколку болести и штетници

Повеќето болести кој се јавуваат на плодот и на цвеќето се пренесуваат од семето. Заради тоа семето треба добро да се дезинфицира пред да се посее за да биде производот поквалитетен и растенијата да бидат поотпорни.

Најлесен начин за дезинфекција на семето е натопување во топла вода. Оваа постапка е корисна за сите видови на семиња. Потопеното семе може да се посее веднаш.

Освен во топла вода семето моќе да се натопи во купка од калиум перманган, разни билки, млеко, биолошко активни материи, алое вера, пепел.

Третман на семе со калиум перманган

За овој третман се припрема 1 процентен раствор. (1 kg калиум перманган на 100gr вода) или една кашичка калиум перманган и 3 лажички вода.
При овај третман семето на : целер, лук, зелена салата, роквица, грашок, домати, пченка треба да се чува 45 минути во 1 процентен раствор;
Семето на: Модриот патлиџан, пиперките, морковите, зелката, тиквичките треба да се чува 20 минути во 2 процентен раствор. После дезинфекцијата треба убаво да се измијат во ладна вода.
Ако се користи сок од алое вера, треба да се знае дека тој не е погоден за некои култури: црн лук, пиперка и целер. Се употребува за натопување на семиња од зелена салата и домат.

Натопување во пепел

Во 1 литар вода се раствораат две лажици пепел, а потоа добро се промешува и се остава да отстои неколку часа.

Загревање на семето

Загревањето е процес кој го штити семето од многу болести, ја зголемува цврстината на растенијата, а оваа постапка исто така кај некои растенија го згоемува растот на женските цветови, на пример кај краставицата.
Може да се загрее во такон слој во рерната, на плочката од печката или во топла вода. Важно е да се внимава на температурата, не смее да биде висока, на пример лукот, морковите и кромидот можат да ја изгубат ртливоста ма температура над 40 степени. После загревањето семето се натпоува во ладна вода.

Замрзнување

Овај метод е особено погоден за семето на јаглика. Семето во текот на ноќта се остава во замрзнувач, а преку денот се носи на собна температура.

Најчести болести што се појавуваат во расадничкото производство се:

Pythium ѕрр – полегнување на расад. Оваа болест предизвикува слабо поникнување на растенијата како резултат на инфекциите на ‘ркулците. Почетната инфекција се појавува во вид на слабо потемнета воденеста мека дамка. Габата продолжува да ја зголемува инфицираната зона, патогенот го зафаќа никулецот и тој брзо изумира. Доколку никулците се поникнати, габата ги напаѓа сочните ткива од сеанците кои стануваат воденести и обезбоени и притоа клетките изумираат, а растението одеднаш овенува и изумира.
Phytophthora ѕрр или гниење на коренот е болест која резултира со недостиг на вода и храна кај растенијата, кои стануваат ослабени и осетливи на напад од други патогени.
Sclerotinia sclerotiorum или бело гниење е болест што се манифестира со венење на целото растение. Симптоми на белото гниење се пожолтување на листовите и појава на карактеристичниот бел мицелиум при основата на стеблото.
Fusarium oxusporum или фузариозното венење се одликува со пожолтување на нерватурата и венење на листовите. На стеблото се појавуваат надолжни некрозни рани и дамки, додека на основата на стеблото и коренот се јавува гниење. Verticillium ѕрр е вертицилиозно венење и, за разлика од фузариозното гниење, се јавува при пониски температури. Оваа болест има карактеристично зелено венење, односно иако растенијата ја имаатзелената боја,тиеедноставно венеат.
Alternaria solani или црна дамкавост е болест која ги напаѓа листовите на кои се развиваат карактеристични крупни и тркалезни кафеави до црни дамки.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen