VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Препораки за вработените во капацитетите за производство на храна

Агенцијата за храна и ветеринарство подготви и до операторите со храна, до членките на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори и Стоанската комора на северозападна Македонија испрати Препораки за однесување на вработените во производствените капацитети за храна.

На компаниите кои вршат дејност производство на прехранбени производи, со оглед на актуелната соостојба во земјава со вирусот КОВИД 19, Агенцијата за храна и ветеринарство им препорачува производствениот процес да го организираат водејќи сметка во погоните каде непосредно се врши производство, да се внимава и да се држи растојание меѓу вработените од 1,5 до 2 метри. Во кланиците за колење на јагне, растојанието треба да биде согласно работните места превидени по технолошката шема на работниот процес, по должина на технолошката линија на производство.
Вработените задолжително треба да носат заштитна маска и истата да ја менуваат почесто, на 2-4 часа и секогаш во случај на нејзино оштетување, или загадување, со крв или друга нечистотија. Ракавиците почесто да се менуваат, секогаш кога се оштетни, по пауза во текот на работењето, а да се мијат во текот на работата. Пред ставањето на ракавиците, рацете треба добро да се измијат и дезинфицираат, а исто така и по нивното вадење.

Лицата задолжени за обезбедување на објектот, возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи исто така треба да носат лична заштитна опрема.
Во производствениот објект, пред влезот во работните простории, задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и обувки. На работните места кои се предвидени по технолошката шема на работниот процес, секогаш треба да има топла вода, средство за миење на рацете и функционални стерилизатори за ножеви.
Да се врши почесто проветрување на работните простории, односно, повеќе пати во текот на денот, доколку е тоа можно, преку природна или вештачка вентилација. Редовно да се спроведуваат Добрите производствени и Добрите хигиенски пракси (ДПП/ДХП) базирани на HACCP принципите.
Во работното време, од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за одржување на повисоко ниво на лична и општа хигиена (често миење на рацете, приборот и опремата за работа). За време на паузите, вработените да не се групираат и да внимават и одржуваат меѓусебно растојание од минимум 1,5 до 2 метри.

Да се избегнува меѓусебен контакт на вработените лица од погоните во текот на работниот процес, особено со административните службеници.Во случај на потреба од администартивна работа потпишувањето на хартиените докумени да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштита маска и ракавици).
Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон, или по пат на електронска комуникација.
По завршување на работниот процес да се спроведе темелно механичко чистење и дезинфекција на сите простории во објектот. Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и да се пријави до надлежниот Центар за јавно здравје, се вели во препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство.


Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen