
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Пребројување на пеликаните во Преспанското Езеро
Со пребројување на пеликаните од Преспанското Езеро, Македонското еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и Националниот парк „Галичица“ денеска го одбележуваат 22 Мај - Меѓународниот ден на биолошката разновидност. Како што информира порталот https://www.fakulteti.mk, досега на овој ден институциите и организациите во целиот свет што работат на заштита на биодиверзитетот организираа масовни настани и едукации за да се подигне јавната свест за значењето на биолошката разновидност. Поради пандемијата од Ковид-19, денот се одбележува поинаку.

Пребројувањето на пеликаните е прекугранична активност во кои се вклучени и партнерски организации на МЕД од Грција и Албанија, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) и Друштвото за заштита на животната средина во Албанија (PPNEA).
Броењето на пеликаните МЕД го спроведува од 2013 година. Пеликаните кои секојдневно доаѓаат да се хранат во македонскиот и албанскиот дел од Големото Преспанско Езеро припаѓаат на најголемата гнездечка популација на овој вид во светот, која се наоѓа на Малото Преспанско езеро.

- За да ги доближиме природните убавини во нашата земја до граѓаните, одлучивме на на своите социјални мрежи денеска да споделуваме слики и видеа од теренската активност за пребројување на пеликаните во Преспа. Следете нѐ на фејсбук и инстаграм и уживајте во глетките од Преспанското Езеро – велат од МЕД.
По повод 22 Мај, овој значаен ден, извршната директорка на МЕД, Робертина Брајаноска испрати порака до Секретаријатот на Конвенцијата за биолошка разновидност:
- 2020 требаше да биде година во која ќе анализираме големи глобални достигнувања за зачувување на природата за кои секоја земја и секој од нас има свој удел. Предизвиците кои нѐ спречија да се собереме и заеднички да го прославиме нашиот напредок треба да не направат посилни. Сега е вистинско време и ние како еколози да потсетиме дека секој предизвик е поттик за нова адаптација, а адаптациите се извор на просперитет и поголема сила – вели Брајаноска.
Порталот https://www.fakulteti.mk, ги нуди следниве линкови за следење на настанот во живо:
Б.А.Н.
