VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Свет

Прв случај на свинска чума во Грција

По првичниот сомнеж на трети февруари, ветеринарните власти на соседна Грција, на по неколку дена официјално го потврдија првиот случај на заболена свиња од болеста Африканска свинска чума во селско домаќинство со 32 свињи.

Свинска чума е присутна кај животните во одгледувалиште во селото Никоклеиа во регионот на Серес, јавуваат грчките власти. За појавата на болеста, од страна на ветеринарните власти известена е и Европската комисија и Светската организација за здравствена заштита на животните - OIE, а присуството на болеста е нотирано во Системот за нотификација на болестите кај животните на Европската унија (ADNS).
Освен во Грција, болеста е присутна и во соседните земји Србија и Бугарија, каде според официјалните податоци кои ги добива Агенцијата за храна и ветеринарство, на дневна основа се појавуваат нови жаришта кај дивите свињи, најмногу во североисточна Бугарија и на границата со Романија. Болеста е присутна и во Полска, Литванија, Романија и други земји.
Во Република Северна Македонија засега не е детектирано присуство на болеста Африканска свинска чума, ниту кај дивата, ниту кај питомата популација.

Поради постоење на реална опасност од појава на болеста и во нашата земја, а со цел нејзино спречување, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до одгледувачите на свињи, ловните друштва и граѓаните да ги почитуваат донесените решија за спроведување на заштитни мерки.
Во соработка со Царинската управа на Република Северна Македонија, АХВ спроведува засилени мерки за контрола и на граничните премини, особено на личниот багаж на патниците. Како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните, ги потсетуваме граѓаните на забраната во личниот багаж да не се носи храна од животинско потекло, особено месо и преработки од свинско месо, преку кои може да се пренесе болеста. Напоменуваме дека храната ќе им биде одземена од страна на надлежните државни органи на граничните премини.

Иако не станува збор за зооноза, односно болест која е опасна за човекот, но, претставува сериозна закана по добиточниот фонд, упатуваме апел до сточарите и ловните друштва, до најблиското ветеринарно друштво или до официјален ветеринар, задолжително да пријават доколку забележат угината свиња (питома или дива) бидејќи во труповите на угинатите животни вирусот опстојува и долго време и може да биде една од причините за појава и ширење на болеста.
За концесионерите на ловиштата остануваат на сила препораките за спроведување на засилен надзор во ловиштата и вршење на санитарен отстрел, со земање на мостри за испитување на присуство на болеста од секоја застрелана свиња. Лицата кои биле на лов и имале контакт со диви свињи не смеат да имаат контакт со домашни свињи најмалку 48 часа по ловот.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen