VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Свет

Први прогнози за ефектите на корона вирусот врз глобалното земјоделство

Кои ќе бидат последиците што корона вирусот ќе ги направи врз земјоделството во светот?

Се појавија и првите прогнози за ефектот на корона вирусот врз глобалното земјоделство. Во врска со ова институтот International Food Policy Research Institute, смета дека нема причина за загриженост околу снабдување со храна во светот.
Светската економска криза во 2008 година покажа дека земјоделството е поотпорно на рецесија од другите сектори, како на пример услуги, недвижности, автомобилска индустрија, кои со години чувствуваа последици. Покрај тоа што заработката во земјоделството се намали помалку отколку во другите сектори, аграрот и прехранбената индустрија апсорбираа дел од работниците кои остана без работа, а предходно работеле во други сектори. Слично нешто не очекува и после корона вирусот, смета Милош Миловановиќ, консултант за аграрна политика при Организацијата на ОН за храна и политика (UN FAO).

Според неговите зборови, економската активност практично замрзна во многу сектори, а земјоделството и производството на храна се споменуваат како спасители на националните економии.

Првите денови од епидемијата од рафтовите во продавниците едноставно исчезнуваше брашното, маслото, шеќерот, квасецот, оризот… Се зголеми побарувачката за млеко и млечни производи, тестенини, минерална вода, сокови, овошје, зеленчук, кондиторски производи, месо и месни преработки. Сепак, после почетната паника и страв од недостиг на храна, во моментот кога потрошувачите ќе се уверат дека снабдувањето тече нормално и дека се што им е потребно има во продавниците, побарувачката за храна ќе се врати во нормална состојба.
Но, во годините на економска криза се менува структурата на побарувачката, па сегментот наречен луксузна храна веќе ги почувствува последиците на корона вирусот ( увозот на јастог од Кина, практично исчезна). Не во толку големи размери но сличен тренд се очекува и кај скапите алкохолни пијалоци и врвните деликатеси бидејќи е едноставно – во вакви ситуации потрошувачите купуваат она што им е неопходно,а за останатото – ако остане во паричникот.

Админситративните забрани за извоз на поедини производи можат да предизвикаат проблеми во снабдувањето што неминовно ќе доведе до зголемување на цените, а тоа воедно ќе влијание и на стандардот на граѓаните.

Први прогнози за ефектите на корона вирусот врз глобалното земјоделство

Се појавија и првите прогнози за ефектите на корона вирусот врз глобалното земјоделство. Институтот International Food Policy Research Institute смета дека нема причина за загриженост околу безбедноста на снабдување со храна во светот. Сепак, според оваа прогноза, забавувањето на светскиот економски раст за еден процент ќе го зголеми бројот на луѓе кои живеат во сиромаштија или 14 милиони жители ( од кои девет милиони живеат во рурални средини).

OECD за сега, предвидува пад на светската економија помеѓу (0,5 и 1,5%).

Посебен проблем кој КОВИД 19 ќе го направи е недостатокот на работната сила во земјоделството и тоа особено во интензивното производство како што е овоштарство.

Неопходните сезонски работници, често работат на црно, без здравствена заштита. Дури и да имаат, и да заболат од вирусот, нема да бидат во можност да се вратат на своите работни места со недели кои во земјоделското производство се недозволиви.

Владата на Австрија, е соочена со недостиг на работна сила и веќе ги повикува граѓаните да се јават и да помогнат во сезоната на земјоделски работи. Пазарниот синџир во аграрот е комплексен, доколку во некој дел дојде до проблем, производот воопшто не стигнува или забавува на патот до потрошувачите.

Всушност станува збор за еден ланец на учесници кои (меѓу останатите) го прават пред се производителите на семе, ѓубрива, средства за заштита и други неопходни препарати за земјоделските производители, потоа продавачите и производителите механизација, фирмите кои се занимаваат со логистика, магацини/ладници, преработувачка индустрија и други тровски ланци каде што земјoделските производители ја продаваат својата стока.

Секако дека е тешко да се прогнозираат ефектите на КОВИД 19 кога вирусот се уште се шири низ планетата но е јасно дека неговите економски последици ќе бидат долгорочни.

Искуството не учи дека земјоделството и прехранбената индустрија, иако не нудат висина на заработка како некои други сектори, сепак се стабилни и сигурни сектори кои нудат долгорочна перспектива за оние кои имаат вистински пристап.

Земјоделството не може ( и не треба) да биде основ на целокупната економија на земјата но може да биде финансиски здрав, одржлив и пазарно успешен сектор кој вработува и пристојно ги плаќа своите работници. Допринесува за БДП, ја штити животната средина и сл.

За да може ова да се оствари неопходно е владата и меѓународните финансиски институции да и помогнат на оваа гранка и тоа со поголеми финансиски средства.

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!