VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Правилно замрзнување и одмрзнување на месото

Чувањето и складирањето на месото во прехрамбената индустрија подразбира процес на замрзнување и одмрзнување. Двата процеса мораат да се одвиваат по строго утврдени правила, за да се избегне потенцијалната можност од расипување

Секој производител на месо, мора да биде сигурен дека храната што ја произведува и пласира на пазарот е безбедна по здравјето на луѓето. Според постоечката регулатива кај нас, за безбедна се смета само онаа храна која ги почитува HACCP стандардите.
Кога е во прашање месото, како една од најлесно расипливите намирници, мора да се имаат во предвид правилата поставени за замрзнување и одмрзнување.

Замрзнувањето се користи како постапка за конзервирање на храната. Пред сместување во коморите за замрзнување месото мора да биде изладено, за да се избегне варирањето во температурата. Кога на месото ќе се создадат кристали од мраз, микроорганизмите ќе престанат да растат, но не се уништуваат. Добра пракса при замрзнувањето е, одржување на постојана константна температура при складирањето на месото, што го спречува развојот на микроорганизмите и негативното влијание на кристалите од мраз врз квалитетот на месото.
На рокот на траење на замрзнатото месо, влијаат видот на месото, производот, пакувањето, брзината на замрзнување и транспортот.

Одмрзнувањето исто така треба да биде по одредени правила и во домашни услови. Кога месото се одмрзнува доаѓа до топење на мразот и отпуштање на течности, па на овој начин се создаваат услови за развој на микроорганзми. Течноста која настанала при процесот на одмрзнување, мора да се одстрани. Одмрзнувањето треба да биде стабилно и постепено, без нагло покачување на температурата Еднаш замрзнато мелено месо, полупроизводи од месо или месо механички сепарирано, не смее повторно да се замрзнува поради зголемениот ризик од развој на бактерии.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen