
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
По силното невреме во Битола, земјоделците да пријават штети
Невреме проследено со град и обилни врнежи од 36 литри на метар квадратен, но и силниот ветер предизвикаа големи штети на земјоделските посеви во битолско, Преспа, Пелагонија и Крушево. Последен пат вакво невреме имало последен пат пред десетина години.

По силните врнежи од дожд и невремето кое ја зафати Битола на 02.07.2020 година и остави големи последици врз земјоделските култури во неколку битолски села. Иако се интервенираше со градобијни ракети и се растеруваа блаците, силното невреме направи пустош во Битола и во нејзината околина.
Со цел да им се помогне на земјоделците во намалување на последиците со кои се соочуваат, истите треба да пријават штета и да достават соодветна документација на шалтерите во Општина Битола.

За таа цел, се повикуваат сите земјоделци од општината, во чии што земјоделски површини е направена штета, најдоцна до 13.07.2020 до 15:30 часот, да достават:
Барање до Комисијата за проценка на штета;
Имотен лист од површината на која се наоѓа земјоделската култура.
Поднесената документација ќе биде доставена до општинската комисија за проценка на штети од елементарни и други непогоди и согласно нејзините надлежности, комисијата ќе пристапи кон понатамошно постапување, соопштуваат од Општина Битола.
Б.А.Н.
