
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Поројните дождови ќе предизвикаат појава на пепелница и пламеница
Повремените поројни дождови ќе створат услови за појави на болести кај растенијата, како трулеж на плодовите, пламеница и пепелница кај виновата лоза

Изминатиот период беше одбележан со високи дневни температури и повремени појави на локални врнежи, ваквите временски услови позитивно влијаеа за развојот на пролетните земјоделски култури, како и на овошките и виновата лоза, кои се во фаза на налевање и зреење на плодовите.

Изминатиот викенд на одредени места во земјава имавме облачно време, на места нестабилно со пороен дожд, а вдолж Повардарието појава на засилен ветер. Од денес па во наредните седум дена ќе имаме стабилни временски услови, со благо намалување на дневните температури. Ваквите временски услови ќе влијаат позитивно на порастот и развојот на земјоделските култури, како и зголемен квалитет на нивните плодови.
Повремените поројни дождови ќе створат услови за појави на болести кај растенијата, како трулеж на плодовите, пламеница и пепелница кај виновата лоза, за што се препорачува да се преземат соодветни мерки за нивно сузбивање. Заради високите температури и недостатокот на врнежи во одредени региони, се препорачува да се надокнади потребата од вода на растенијата со наводнување.
Б.А.Н.
