VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Поради недоволна заштита, раскината концесијата за Охридско Езеро!

Владата на Република Северна Македонија денес донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината се нерегуларностите во работењето на досегашниот концесионер

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денес во Охрид изјави дека по низата реакции од медиумите, граѓаните и рибарите, надлежното министерство уште во декември минатата година, побарало интервенции од Државниот инспекторат за земјоделство и од Агенцијата за храна и ветеринарство за вонредни инспекциски контроли. По инспекцијата било утврдено дека Концесионерот не вршел навремена и целосна физичка заштита на рибите од риболовното подрачје Охридско езеро, што е спротивно на Договорот за концесија.

Во записникот од Државниот инспекторат за земјоделство е констатирано дека постојат нерегуларности и во делот на пријавувањето на вработените и постапките за вработувања, кои што концесионерот ги спроведувал спротивно на Законот за рибарство и аквакултура. Концесионерот не водел точна, навремена и целосна евиденција на уловената риба согласно законските одредби, што исто така е спротивно на Договорот за концесија.

„Нашите политики и мерки се насочени кон заштита на езерата и рибниот фонд, и нема да дозволиме некој да го злопупотребува ова наше природно богатство. Институциите ќе продолжат да разботат во интерес на граѓаните, согласно законите “, изјави министерот Димковски, од Охрид.
Откако ќе заврши постапката за раскинување на концесијата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе објави нов јавен повик за доделување на концесија за Охридското Езеро.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!