VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Поплави во рудниците на РЕК Битола

Обилните врнежи од дожд во битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во Рудникот Суводол на РЕК Битола. Ископот и транспортот на јаглен во моментов се во прекин и се вложуваат натчовечки напори за санирање на состојбите, соопштија од ЕСМ.

На терен e и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски заедно со директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, како и комплетното раководство на комбинатот и стручните служби на РЕК Битола.
Според вработени, ваква елементарна непогода, со интензивни и обилни врнежи од дожд, во Рудникот Суводол не е забележана во последните 20 години.
За состојбите во Рудникот Суводол на РЕК Битола известена е Владата на Република Северна Македонија, како и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата на Република Северна Македонија преку Министерството за одбрана.

Сите тие ги ставија своите ресурси на располагање за интервенција, доколку има потреба. И покрај елементарната непогода со која се соочува РЕК Битола, континуираното производство на електрична енергија од комбинатот засега не е е доведено во прашање и истото продолжува согласно планот и потребите на електроенергетскиот систем.
Слична е состојбата и во Рудникот Брод Гнеотино каде во моментов се копа кровна јаловина.

Се преземаат напори и таму да се санираат штетите за да се подготви рудникот за дисконтинуиран ископ на јаглен на почетокот на септември, ос цел да се добијат потребните колични за грејната сезона 2020/2021 година.
Ова е трета поплава на Рудникот Суводол во РЕК Битола во рок од два месеци. Во сите активности што се преземаат за санација на последиците од обилните дождови, приоритет останува безбедноста на вработените, а потоа и опремата, се вели во соопштението на ЕСМ.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen