VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Пламеница на винова лоза

Пламеницата е болест која се јавува редовно, секоја година и причинува помали или поголеми штети. Во одделни години, познати како пероноспорни години или години на пламеница, предизвикува огромни штети, односно може целосно да го загрози приносот

Пламеницата на виновата лоза потекнува од Северна Америка. Во Европа е внесена во 1874 година, а првата посилна појава на болеста е забележана во областа Бордо, во Франција во 1878 година. Набрзо потоа, пламеницата се проширила низ цел Европски континент, но и на другите континенти (Африка, Австралија, Нов Зеланд). Ги напаѓа сите видови од родот Vitis, а особено е осетлива европската лоза - Vitis vinifera.
Пламеницата е болест која се јавува редовно, секоја година и причинува помали или поголеми штети. Во одделни години, познати како пероноспорни години или години на пламеница, предизвикува огромни штети, односно може целосно да го загрози приносот.
Ги напаѓа сите зелени делови од лозата, односно листовите, цветовите, дршките, гроздинката, витиците и зелените зрна. Најчесто ги напаѓа листовите, кои се најосетливи во фазата на интензивен пораст (крај на мај и почеток на јуни) и во фазата на зрелост (август и септември). Помеѓу овие две критични фази, листовите се помалку осетливи кон зараза.

Симптомите на листовите се разликуваат во зависност од тоа дали се последица од примарни или секундарни зарази. При примарните зарази, дамките се малубројни, крупни, тркалезни и светлозелени, кои не се јасно ограничени од здравото ткиво. При влажни услови, од опачината од листот се појавува белузлава превлака од конидии со конидиофори од габата.
Во услови на суво време, ткивото во рамките на дамките некротира, при што дамките стануваат кафеаво-црвеникави, кожести и нема појава на спорулација од опачината на листот.
При секундарните инфекции дамките се најчесто побројни и поситни, со аглеста форма, бидејќи нивното ширење е ограничено од нерватурата на листот. При поволни услови за развој, од опачината на листот, во рамките аглестите дамки се јавуваат конидиите со конидиофори. При суво и топло време, ткивото во рамките на дамките изумира, се суши и добива изглед на изгореница од пламен по што и болеста го добила името - пламеница. При силни зарази, на листовите се јавуваат многубројни дамки, кои доведуваат до нивно сушење и опаѓање.
Цветовите можат да бидат заразени дури и пред нивното отворање. При поволни услови на температура и влажност, цветовите можат да бидат целосно препокриени со бела, снежна превлака, сочинета од репродуктивните органи на паразитот – конидиофорите со конидиите. Заразените цветови целосно некротираат и пропаѓаат.

Зрната можат да бидат нападнати се додека имаат активни стомини отвори, односно од заврзувањето па се до фазата на прошарок (почеток на зреење).

Пламеницата може директно да ги нападне зрната додека да достигнат големина од 4-5 милиметри во дијаметар. Подоцна, заразата најчесто се остварува преку зелената петелка. Новоформираните заразени зрна при влажно време заедно со гроздинката се прекриени со бела превлака од од конидиофори со конидии, а при суви услови се сушат и стануваат кафени. Кај постарите зрна заразите се остваруваат преку петелките од зрната, на кои има отворено стомини отвори. Преку петелката, габата навлегува во зрното и како резултат на тоа помал или поголем дел од месото на зрната се засушува, често пати поцрнува, се смежурува, а некои од зрната и опаѓаат. При влажни услови на зрната се појавува бела пајажинеста прекривка. Откако зрната ќе достигнат две третини од својата големина и почне прошарокот, заразите не се возможни ниту преку петелките.
При исклучително поволни услови за развој на пламеницата, симптоми од пламеницата можат да се јават и на врвовите од младите ластари. При зголемена влажност нападнатите делови се покриени со бела пајажинеста прекривка, а потоа некротираат и потемнуваат.
За сузбивање на пламеницата на винова лоза се користат системски и контактни фунгициди кои треба да се употребуваат редовно и исклучиво во препорачаните количини.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen