Нутриционист

Пиперка

Пиперката може слободно да се нарече храна и лек !


Пиперката може слободно да се нарече храна и лек. Нејзината корист за организмот е огромна и тоа од разни аспекти.
Пиперката е богата со минерали калиум на кого му се препишува диуретското и антиканцерогеното дејство, фосфор и железо, витамини, посебно со витамин Ц. Во пиперката има и значителни количини на витамини од Б групата, а содржи и витамин Е, поради што пиперката има и антиканцерогени својства.

Содржи и пантотенска киселина, а во форма на провитамин содржи и витамин А, кој е присутен како бета-каротен и криптоксантин.
Капсаицинот е специфична материја и е составен дел на етеричните масла и таа ја дава лутината на плодовите на пиперката. Таа го подобрува апетитот, а при тоа и ја поттикнува работата на желудникот. Алкалоидот капсаицин делува антисептички, а во дигестивниот тракт го спречува развојот на бактериите на гниењето и го подобрува варењето на храната.

Покрај тоа, капсаицинот има силно аналгетско дејство. Капсаицинот го зголемува и нивото на хистаминот во крвта, кој е главен одбрамбен систем на човечкиот организам против реуматските заболувања.
Пиперката позитивно влијае на површинската капиларна циркулација, благодарение на состојката ситрин, која влијае на елестичноста и пропустливоста на капиларите. Затоа, пиперката се користи и за лекување на атеросклероза.

Илија Бузлевски

© 2019 Cyber Green Market LLC