VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Палењата на стрништата –најштетни за земјоделците!

Палењето се уништува микрофлората и фауната во обработливиот слој на почвата, односно она што ја прави земјата жива, плодна и самообновувачка. Палењето е редовна пракса и ова лето, иако има негативни последици по многу основи

Палењето на стрништата, плевелот и другите растителни отпадоци, кај нас е редовна пракса. Како завршува жетвата, така веднаш почнува најдеструктивната појава во земјоделието-огнот! Проценките на стручњаците се дека само во кочанскиот регион се согоруваат 6 до 8 тони слама на хектар, која останува по жетвата на оризот.
Оваа опасна пракса има негативни последици по многу основи. Со палењето се уништува микрофлората и фауната во обработливиот слој на почвата, односно она што ја прави земјата жива, плодна и самообновувачка. Без микроорганизмите во обработливите површини, користењето на вештачките ѓубрива се само залудно потрошени пари. Истовремено, со палењето исчезнува и азотот-клучен елемент за плодноста на почвата.Експертските проценки велат дека со палењето на еден тон слама се губи 1 килограм азот, или од хектар околу 10 килограми чист азот. Пресметано во пари според просечните цени на вештачките ѓубрива и количеството азот во нив, тоа ги чини земјоделците плус 10 евра трошок за ѓубриво по хектар! Намалувањето на плодноста на почвата не само што доведува до помали приноси, туку е и врзано систем што понатаму произведува кисели дождови, и нивно сливање во подземните води.

Но, ова е само еден дел од негативните последици предизвикани со палењето на стрништата. Во услови на топли лета и високи температури, палењето е фактор што доведува и до појава на пожари кои често излегуваат од контрола. Огромната емисија на стакленички гасови и ПМ 10 честички во воздухот најштетно се одразуваат токму на земјоделците, нивните семејства и во регионот каде горат огновите. Неконтролираниот оган често знае да зафати и некои пропратни објекти, но и куќи.

Решението на овој проблем се гледа во алтернативните решенија. Градот Скопје во соработка со јавните претпријатија и УНДП, за прв пат минатата година започнаа кампања за едукација од штетните последици од палењето на стрништата, при што понудија бесплатно одлагање на плевелот и отпадот од бербата, што потоа се согорува во депонијата Дрисла. Алтернативно решение на проблемот се понуди и во кочанскиот регион каде од лани со помош на Швајцарската влада е изградена пречистителна станица на која во иднина се очекува да се приклучи и Виница. Од овој пилот проект бенефит ќе имаат сите. Земјоделците ќе го одлагаат сеното кое ќе се преработува во ѓубриво кое повторно ќе им се враќа на земјоделците за облагородување на нивите.
Само за потсетување, палењето на стрништата е забрането и казниво по закон.



Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!