Македонија

Пагода или римска брокула

Римската брокола или пагодата (romanesco broccoli) е исклучително здрава, но недоволно позната меѓу нашето население. Сепак, одгледувачите велат дека нивното време допрва доаѓа поради многубројните придобивки за организмот.


Римска брокула/ римски карфиол — прехранбен цвет на дивата зелка (Brassica oleracea) и сорта на карфиолот. Во историските документи за прв пат се среќава во XVI век во Италија како broccolo romanesco, кај нас позната како пагода, Зошто го добила ова име кај нас не ни е познато.
Пагода е растение кое спаѓа во групата на зелкови култури. Англиското име е broccoflower, поточно спаѓа помеѓу две врсти на растенија, т.е. помеѓу брокула и карфиол. На изглед наликува на цветно растение, декоративно со многу нежна структура на главицата поради која се употребува, која наликува на цвет.

Целта на одгледување на тој цвет кој се формира на скратено стебло каде што за разлика од карфиолот, кај пагодата тие цветни израстоци се покрупни и поизразени. На пример кај брокулата се користат врвните делови од цветот и делот од цветните дршки, но и страничните цветови кои после бербата се формираат и растат од пазувите на листовите.
Пагодата има слаткаст вкус поради тоа е застапена и во исхраната на децата заедно со лековитите својства што ги содржи. Некои сорти од пагодата имаат светло зелена боја на цветот со пирамидален облик, затоа некои го вбројуваат во видот на цвеќе, а не како посебен облик на карфиол. Во споредба со карфиолот со бел цвет пагодата содржи во себе повеќе витамин Ц, каротиноиди, аминокиселини, антиоксиданти зависно од присуството на бојата или пигментацијата.
Како и кај другите видови на зелкови култури, за одгледување на пагодата оптимална е од 15 до 20 целзјусови степени во зависност од климатските фактори, подрачјето каде се одгледува, селективен избор на роковите на одгледување, пагодата може да се одгледува во континуитет.

Се одгледува со претходно производство на расад, кој зависно од сортата се сади на растојание од 50-60cm помеѓу редовите и 40-50cm во редовите. Во наши услови најпогоден период а одгледување на пагодата е летно-есенскиот, каде што плодот е поквалитетен, а приносот повисок. Просечната килажа на цветот се движи од 300 до 400 грама. Кај повеќето сорти листовите во цветната розета се прилепуваат до самите цветови и слижат како заштита од сончево зрачење.

Во текот на одгледувањето може да дојде до некои физиолошки промени како последица на високи температури, нерамномерно и ненавремено наводнување со доволна количина на вода и прихрана, појава на ситни цветови, прерастување на растенијата или појава на пораст на листовите преку цветот – формирање на лисна розета или листови без цвет.
Поради вредните состојки во плодот и антиканцерогените активности во човечкиот организам пред консумирањето потребна е кратка термичка обработка поради зачувувањето на лековитите својства на пагодата.

А.Г.

© 2019 Cyber Green Market LLC