VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Оштетените земјоделци од кочанско да пријават штети

На средбата која се одржа вчера меѓу оштетените земјоделци од кочанскиот регион што деновиве беше погоден од големо невреме и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски беше договорено, да се сумира вкупната штета и што поскоро да им се помогне на погодените земјоделци

Обилните врнежи од дожд што изминатиот период го погодија кочанско, предизвикаа висок водостој и излевање на одводните канали и канализацијата, поради што се поплавени делови од градот и селата во рамничарскиот дел на Кочани.
Најкритична е состојбата во селата Горни и Долни Подлог каде водата направи голема штета во домаќинствата, посевите, складираната сточна храна во амбарите.
На средбата што вчера се одржа меѓу земјоделците и министерот Трајан Димковски во погодениот регион, беше направен увид во поплавените земјоделски површини и и увидени најголемите штети од обилните врнежи.

На средбата беше појаснето дека земјоделските производители треба што поскоро да се поднесат пријави за проценка на штетите, со што ќе се овозможи полесно да се согледаат последиците од поплавите и да се сумира вкупната штета, особено кај градинарските култури.

-Најголема штета од поплавите претпрпе индустриската пиперка која беше пред берба, поради што им укажавме на земјоделците да поднесат пријава до општинската комисија за проценка на штетите. Во истата апликација можат да наведат и евентуална штета во стопанските дворови, односно на складираните земјоделски производи и сточната храна во амбарите и складовите, па дури и на самите објекти. Сето тоа ќе влезе во еден елаборат за да се види целокупната штета, при што укажавме да не се направат одредени грешки, односно сите слабости што ги имаме увидено како претходно искуство да не се повторуваат и работите да течат во правилна насока. Со изработката на таков елаборат, ќе се избегне можноста владината комисија, која е под ингеренции на Министерството за финансии, да ги враќа на дополнување или повторно разгледување доставените пријави од земјоделците. Така целата постапка поефикасно ќе се заврши, а и земјоделците побрзо ќе ја добијат очекуваната помош како обесштетување за претпрената штета, истакна министерот Димковски.

Како што јави МИА, на средбата со жителите од селото Долни Подлог беше нагласено дека најверојатно ќе бидат потребни уште триесетина дена за да се исплатат дополнителните субвенции од три денари за предаден килограм пипер и други индустриски култури, за што Владата треба да донесе ребаланс со кој парите ќе им бидат префрлени на земјоделците.

Министерот Димковски истакна дека не очекува пролонгирање на тој рок, со оглед што Собранието е веќе формирано, а наскоро треба да се формира и новата влада.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!