VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Охридските власти не побарале дозвола за азилот за бездомни кучиња!

Иако со години се најавува решавање на проблемот со бездомните животни во Охрид, ништо такво се уште нема на повидок. Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира информациите дека се чека само уште на нивна дозвола за азилот да почне со работа

Со години наназад се зборува за отворање на стационар за кучиња во нашиот најголем туристички центар Охрид, но тој никако да проработи. Советот на градот пред повеќе од една година изгласа земјиштето на Мауцкер да биде во сопственост на ЈП Охридски Комуналец, и наводно сите процедури за негово профункционирање беа завршени.
Но, по демантот што пред неколку дена дојде од Агенцијата за храна и ветеринарство, се чини дека и понатаму Охрид ќе остане без капацитет за згрижување на бездомните кучиња.
Имено, Агенцијата за храна и ветеринарство најостро го осуди обидот за манипулирање на јавноста и пласирање на невистини дека стационарот за бездомни кучиња во Охрид, се уште чека дозвола за работа од Агенцијата за храна и ветеринарство, вест која беше објавена во неколку локални медиуми. Како одговорна институција за безбедноста на храната, но и за здравствената заштита и благосостојбата на животните, од Агенцијата посочија дека досега локалната самоуправата, односно надлежното комунално претпријатие од Охрид немаат поднесено барање за одобрување на прифатилиште за бездомни животни, иако уште во март минатата година, Агенцијата ја охрабри локалната самоуправа за отворање на прифатилиште за бездомни животни и решавање на проблемот со бездомните кучиња.

Одговорните од Агенцијата објаснуваат дека за надминување и решавање на проблемот со бездомните кучиња во Охрид, со нивно посредство уште во март 2019 година биле организирани и одржани неколкудневни теоретски и практични предавања за вработените од јавното комунално претпријатие „Охридски комуналец“ и Општина Охрид од страна на експертот Брајан Фаулкнер, претставник на Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија (RSPCA). На предавањата детално биле објаснети постапките и стандардните оперативни процедури, техниките и методите на заловување на бездомните животни, нивната благосостојба и третманот во прифатилиштата.

Во пракса биле презентирани основите за воспоставување на соодветен систем за контрола на бездомните кучиња базиран на благосостојбата на животните.Но, досега нико од надлежните институции во Општина Охрид нема поднесено барање одобрување на работата на ваков вид азил!
Бидејќи како што велат од здружението „Анималија„Општина Охрид досега не покажала никаков интерес за решавање на проблемот со бездомните кучиња, тие ќе престанат со вволонтерската работа која барем досега беше бесценета. И покрај сите нивни напори за спасување и вдомување на живот ните од улиците на Охрид, решение за сега нема на повидок.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!