VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Отпадот кој се фрла во коритото на реката Черава во Албанија заврши кај Љубаништа

Огромни количини отпад, најголем дел пластичен, заврши на брегот на Охридското езеро, кај Љубаништа. Според иницијативата „Охрид SOS“, ѓубрето се насобрало преку реката Черава од албанската страна за време на обилните врнежи изминативе денови.

Оттаму велат дека ова се случува секоја година, кога повеќе или помалку, отпадот кој се фрла во коритото на Черава од Албанија го загадува делот којшто се влева во езерото, во местото викано Сукот.
„Делот на Черава што е во Македонија е само течение и нема население или движење во тој дел, така што пластиката и останатиот отпад доаѓаат од Албанија. Со оглед дека Општина Охрид е збратимена со „Bashkia Pogradec“, очекуваме реакција од нивна страна, за да ѝ се укаже на албанската општина за негативните практики на локалното население, чии последици се видливи во вакви услови“, стои во соопштението на граѓанската иницијатива.

Според „Охрид SOS“, ова е само доказ за ниското ниво на култура на локалното население, непочитување на природата, реките, езерото, и нивно користење како депонија.

„Не е познато дали Реактивната мониторинг мисија на UNESCO, IUCN и International Council on Monuments and Sites (ICOMOS), која неодамна го посети Охридскиот Регион, била однесена во обиколка на коритото на реката Черава или други слични локации претворени во депонии“, додаваат тие.




Од иницијативата потсетуваат дека со политичка одлука на Комитетот за светско наследство, минатата година, неколку локации од албанската страна на езерото добија статус светско природно и културно наследство и беа вклучени во Охридскиот Регион.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!