VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Откупот на тутунот се одвива непречено

Досега се откупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм

Откупот на тутунот се одвива непречено на сите откупни пунктови во земјава. Досега според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство се откупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм, што е досега највисока просечна цена. Вредноста на откупениот тутун е над 4,2 милијарди денари и 94,4 отсто од досегашниот откупен тутун е исплатен од страна на откупните компании.

Од реколтата 2019-та вкупно се засадени 13.342 хектари тутун и склучени 32.798 договори со девет компании. Издадени се 20.933 евидентни листови. Вкупното производство на тутун од реколтата 2019-та изнесува над 26.700 тони тутун, што е за 6 отсто повеќе од реколтата 2018-та.

По завршувањето на откупот и штом завршат сите административни процедури околу контролите, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе започне со исплата на субвенциите за производителите на тутун. За реколтата 2018-та се исплатија 29 милиони евра по основ на новиот модел за зголемени субвенции за тутунот. Со новиот модел за зголемени субвенции што го воведе Владата на Република Северна Македонија, субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Од оваа 2020-та година според новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, ќе се укинат евидентните листови, со што драстично ќе се олеснат административните процедедури за тутунопроизводителите.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!