
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Откупната цена на зелката до 20-ти април – минимум 15 денари за килограм
Државниот инспекторат за земјоделство, во овој период ќе врши засилени контроли, со цел да нема манипулиции со договорената минимална цена.

Откупната цена на зелката до 20-ти април ќе биде минимум 15 денари за килограм, ова вчера беше договорено на состонакот што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димовски, го одржа со откупувачите на зелка. Ваквата одлука е поради вонредната состојба и последиците од појавата на коронавирусот врз секторот земјоделство.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е во постојана комуникација со производителите, откупувачите и извозниците на сите земјоделски производи, со цел да има непречен извоз.
МЗШВ како и досега, продолжува да ја следи состојбата со коронавирусот и последиците врз земјоделскиот сектор, доколку има потреба ќе се наоѓаат решенија преку интервентни мерки а со цел да го заштитиме земјоделството.
А. Г.
