VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Отворено прифатилиштето за бездомни кучиња “Лајка„

Лајка е еден посебен концепт на третманот на бездомните животни, а неговиот капацитет е 100 кучиња. Ова значи дека поранешниот стационар или концепт Вардариште, заминува во историјата

Лајка не е само објект, Лајка не е само ова што го гледате. Лајка е еден посебен концепт на третманот на бездомните животни. Ова официјално значи историја за поранешниот стационар или концепт Вардариште. Со овие зборови градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, вчера, официјално го отвори стационарот „Лајка“.

Капацитетот на објектот е околу 100 кучиња, додаде тој, потенцирајќи дека станува збор за еден од најдобрите стандарди кои се имплементирани во оваа област.

Целиот објект е опремен со подно греење, со цел да им обезбедиме комоција на животните. Секој простор е засебен, тргнати се прифатилиштата, тргнато е приемното одделение. Има амбуланта, операционала сала, соба за интензивна нега, соба за пост оперативен третман, како и карантински дел. Се надевам дека ќе почнеме системски да го решаваме овој проблем и за една до две години од сега го намалиме бројот на бездомни кучиња, како и на луѓето коишто се каснати од истите. Инвестицијата на прифатилиштето е околу 30 милиони денари, пари кои како општествено одговорни компании ги донираа дваесеттина компании, рече градоначалникот Шилегов на отворањето.

„Лајка“е современ стационар каков што не постои пошироко во регионов. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), објасни Зоран Атанасов, директор на Агенцијата, во изминатиов период презеде системски активности за намалување на бројот на бездомни кучиња. Ставен беше во функција модулот за идентификација и регистрација на домашни миленици во рамки на Ветеринарно информативниот систем на АХВ. Сега, најави Атанасов активно работиме на воспоставување и на модулот за евидентирање на бездомните миленици.

Во изминативе години како институција ја реализираме кампањата „Биди неговиот херој“ и ги едуцираме најмалите – децата, за тоа што значи да си одговорен сопственик на домашен миленик. Спроведовме обука на ветеринарите и други заинтересирани лица за проценка на агресивноста на кучињата, а во соработка со Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија ги реализиравме и обуките за заловување на бездомни кучиња и за изградба на прифатилишта – истакна директорот Атанасов по посетата на прифатилиштето „Лајка“.

До Заедницата за единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, додаде тој, Агенцијата за храна и ветеринарство достави повеќе од 32 илјади микрочипови. Во Владина процедура се, потенцира тој, законските измени за здравствена заштита и благосостојба на животните, а Агенцијата донесе и неколку подзаконски акти кои ја регулираат оваа област.

„Жал ми е што граѓаните мораа да почекаат, но квалитетот и ефикасноста на услугата што ќе ја понудиме ќе им надокнади за целиот тој период. Дневно имаме над 30 јавувања од граѓани кои бараат да се дислоцираат кучиња. Стационарот е транзит зона каде ќе се извршуваат сите крвни и останати анализи, процесот на стерилизација и кастрација. Животните ќе бидат микрочипирани и евидентирани со ушни маркици кои што ќе имаат код со секоја населба, што значи дека ќе бидат вратени во истата населба во која биле заловени, доколку претходно не се вдомат“ изјави првиот човек на „Лајка“ Тина Петрушевска.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen