VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Organic

Основни фази за производство на сирење

Процесот на производство на сирење се состои од четири основни фази

Четирите основни фази на процесот на производство на сирење се:

а) коагулација на млеко и формирање на кајмак (физичко-хемиска модификација на мицели казеинот под дејство на протеолитички ензими и млечна киселина, која ја изменува структурата на казеинот во кајмакот – кајмак)

б) Поделба на сурутка (делумна дехидратација на кајмакот преку изолирање на растворливите и другите состојки на млекото)

в) солење (додавање на потребната количина на сол во сирењето која влијае на сурутката и другите процеси во масата на сирењето и за одржување на вкус на сирењето)

г) зреење (биохемиски трансформација на состојките на кајмакот под дејство на ензими и микроорганизми).

Коагулација на млекото

Основната работа во производството на сирење e коагулацијата со која млекото од течност се претворена во состојба на гел под дејство на ензимите за коагулација. Најчестите и најпознат коагуланти на млеко е телешко сириште (анг. calf rennet) кое се добива од стомакот на млади преживари (овци, телиња), 90% химозин и 10% пепсин.

Микробиолошко сириште

Сириште од микробиолошко потекло главно се добива од габите М. Meihei, M.pusilis и E.parastica. Овие производи се достапни на пазарот под различни имиња како што се “renilaza”, “hanilaza” и сл. Сириште од микробиолошко потекло настанале како резултат од недостаток на природни суровини од животинско потекло кои се употребуваат за производство на животинско сириште.

Поделбата на серумот од гелот е појава која е важна карактеристика за гелот. Тоа е централната фаза во производството на сирење во која се обликува хемискиот процес, се дефинираат битните елементи на микроструктурата и се поставуваат основните макроструктури за идното сирење.

Додаток CaCl2

Калциум хлоридот претставува редовен прилог во индустриското производство на сирење и првенствено се додава за цел да се компензираат негативните ефекти на пастеризација на млекото.
Сечењето на кајмакот претставува краен стадиум на коагулација на млекото. Тоа се прави кога е постигната саканата цврстина на млекото.

Одвојувањето на сурутката е во завршна фаза во операцијата.

Калапите со сирење треба да се направат во најкраток можен рок. Во калапите треба да се земи во предвид дека зрнцата кајмак не треба да се оладат. Во моментот кога се одвојува сурутката зрнцата од кајмак доаѓаат во меѓусебен контакт и започнува процесот на нивното соединување. Калапите за сирење можат да бидат во различен облик и димензија. Тие претежно се дефинираат на основа на калапот на традиционалното производство на сирење, но има случаи каде што се воведени нови форми и облици на калапи.

Калапите за сирење треба да обезбедат одредени технолошки барања како што се:

-Да се обезбеди соодветна форма и големина на сирење.

-да обезбеди нормално отстранување на сурутката

-да поднесат соодветен притисок при прецовање на сирењето.

-да се овозможи лесна манипулација и миење.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!