VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Organic

Органско пчеларство

Целта на органското производство на пчелни производи не е во количината, туку во нивната здраствена исправност

Кога станува збор за органско производство на мед и други пчелни производи знаеме дека се потребни некои посебни услови за нивно производство и дека се разликуваат од останатите.
Целта на органското производство на пчелни производи не е во количината, туку во нивната здраствена исправност. Се тежнее кон производство на здраствено безбедна храна без присуство на пестициди и други отровни материи.
Органски произведениот мед по својот изглед, вкус и хранлива вредност, не мора да се разликува од конвенцијално произведениот, но во поглед на неговата здраствена исправност постојат значителни и многу важни разлики.Органскиот начин на пчеларите инсистира повеќе кон виталната улога на пчелите во многу екосистеми.
Како еден од предусловите за пристап на органското производство се наведува изборот на раса на медоносна пчела. Имено треба да се земе во предвид способноста на инсектите да се прилагодат на локалните услови на животната средина, нивната виталност и отпорност према болести. Предност се дава на користењето на европските раси Apis mellifera и нивните локални екотипови како што е тоа во случајот во нашата земја Apis mellifera мacedonica.

Посебно внимание се посветува на доброто на пчелите што подразбира забрана за уништување на пчелите во саќето како метод за собирање на медот, практиките како сечење, односно одрежување на крилата на матицата и уништуввање на машкото потомство не се дозволени, освен во случај на сопирање на некоја болест предизвикани од Varroa destructor (крлеж).
Просторот на кој се наоѓа пчеларникот и површината на медоносни растенија кои ги посетуваат пчелите треба да одговараат на условите на органско производство, што е регулирано со пропис, дека пчеларниците мора да бидат оддалечени минимум 3 км од било какви извори на загадување.

Вештачката исхрана на пчелите е дозволена во периодот од последната паша до 15 дена пред истекот на следната сезона. Шеќерот кој се користи за правење на храна исто така треба да биде во склад со правила на органско производство, односно може да се користи исклучиво органски шеќер во овие ситуации.
Превенцијата од болести во органското пчеларско производство се заснива на селекција на резистентни раси и видови, вклучувајќи и постапки со кои се зголемува и отпорноста према болести, како што се на пример редовна замена на матици, системска контрола на кошниците и трутовите, редовна дезинфекција на материјалот и опремата, редовна замена на пчелниот восок и обезбедување на доволно резерви на мед и полен во кошниците.
извор:агроалтернатива

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!