Македонија

Опасност од измрзнување на овошките

Поради опасноста од измрзнување на овошките УХМРизлезе со вонредна агрометеоролошка прогноза за наредните денови

Промената на времето за време на викендот и појавата на снег и на пониските планини драстично ја разлади атмосферата со што утринските температури денес на 17-ти март на целата територија од Републиката беа негативниво текот на ноќта, со вредности од -2 до -4 Целзиусови степени, особено во регионите каде се застапени овошните култури кои се најзасегнати во овој период.

Напоменуваме дека вакви температури од -2 степени Целзиусови се очекуваат и долж Повардарието каде цветањето на кајсијата беше и најрано забележано, при што на некои стебла од рани сорти има и зачеток на плод, фаза која е многу осетлива и температури од -1 Целзиусови степени и можат да предизвикаат измрзнувања.
Им се препорачува на земјоделските производители доколку се во можност да преземат мерки на заштита на овоштарниците со зачадување, мерка, која при вакви температури може да има позитивно влијание.

Сепак критични температури, но со послаб интензитет се очекуваат и во наредните денови се до викендот, при што и препораките остануваат.
Инаку времето до крајот на неделата ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Дневните температури ќе се искачат до 20-тиот, а минималните ноќни температури ќе се спуштат и до -5 Целзиусови степени. Долж Повардарието ќе дува и умерен северен ветер, што може да предизвика и најголема штета кај овошните насади.

Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC