Македонија

Олеснети процедурите за субвенции кај млекопроизводителите

Поради КОВИД 19 се олеснуваат административните процедури за поднесување на барања за субвенции за предадено млеко.

Владата на Република Северна Македонија на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе Уредба со која што се направи измена во поднесувањето на барањата за субвенции за подмерката за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Конкретно со измената, поднесувањето на барањата за субвенции нема да го вршат сточарите кои ја користат мерката, туку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, податоците ќе ги презема директно од регистрираните откупувачи на сурово млеко.

Овие измени во делот на поднесувањето на барањата се направени поради состојбата со КОВИД 19, како дел од превентивните мерки, земјоделците да не одат до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и да не се изложуваат на ризик.

Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC