VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Од Србија тргна извозот на 4.000 тона брашно за Македонија и Црна Гора

Извозот на брашно од српските мелници тргна за Македонија и Црна Гора, а се очекува одредени количини да бидат испорачани и во БиХ и Албанија, изјави директорот на Здружението „Житоунија”, Здравко Шајатовиќ

Како што јави дописникот на МИА од Белград, наведените држави се најголеми купувачи на брашно од Србија, а испораките запреа кога привремено беше воведена забраната за извоз на основните прехранбени производи заради пандемијата со коронавирусот.

-Првите испораки тргнаа од пред четири дена и се одвиваат добро, со мали застои, како што се проблеми со камионите и возачите, кои се решеваат во движење. Очекуваме до сабота повеќе од 4.000 тони брашно да бидат извезени, што е одличен биланс, бидејќи некои од нашите мелници имаа преголеми залихи, а некои, поради оваа причина беа пред затварање, изјави Шајатовиќ за „Политика”.

Тој оцени дека Србија има доста залихи и нема проблем да ги задоволи потребите на домашниот пазар, како и дека ослободувањето на извозот е добар потег што ќе ја подобри ликвидноста на овој сектор кој претрпе голема загуба, најмногу поради воведување такси и прекин на испораката на брашно на Косово.

Со привремената Одлука за забрана за извоз на основните прехранбени производи поради коронавирусот и воведената вонредна состојба, српската Влада излезе во пресрет на барањата на земјите во регионот, пред сé на барањата на Македонија, БиХ и Црна Гора за извоз на брашно во тие земји, донесувајќи посебна одлука со која е дозволен извозот на брашно од пченица во овие држави.

МИА

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen