VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Од Банско неделно се откупуваат над двесте илјади парчиња лути пиперки

Неделно се отупуваат над 200 илјади лути пиперки по цена од четири до шест денари за парче

– Од пластениците и оранжериите во селото Банско неделно се отупуваат над 200 илјади лути пиперки по цена од четири до шест денари за парче, информира Даме Тренчовски производител на оваа градинарска култура.

Задоволен е од откупните цени и посакува тие да се задржат на сегашното ниво.

-Досега берам три пати и можам да кажам дека немаме никаков проблем со пласманот. Некои, кои почнаа порано со производството, бројат и до десет берби, вели Тренчовски.

Иако шпицот на бербата е за десетина денови, додава, сепак побарувачката не стивнува.

-Може во наредните денови да се почувствува недостиг од лута пиперка, но тоа ќе трае кратко. За нас е важно сегашната отупна цена од пет денари за парче да се задржи во наредните два месеца и добро ќе е доколку не падне одеднаш, смета Тренчовски, еден од најголемите прозводители на лути пиперки во селото Банско.

Традиционално лутите пиперки од Банско се првата градинарска култура која се бере во Струмичко. Засега за неа има интерес од домашните пазари и од Косово.

Со одгледување на лутите пиперки производителите во Банско почнуваат во ноември, а благодарение на затоплувањето на пластениците со топла вода од термалните извори во близина на селото производството стасува порано и е поисплатливо од другите начини на раноградинарско производство за кои се користат други извори на затоплување.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

© 2019 Cyber Green Market LLC

This site was designed with the
.com
website builder. Create your website today.
Start Now