Македонија

Одгледување шампињони

Оптималната температура е најважен фактор

Одгледувањето на шампињони во последните години е значително унапредено на основа на примена на научни знаења и технолошки иновации.

Доколку се одлучите да одгледувате шампињони морате да знаете се за просториите во кои тие се одгледуваат.

Одгледувањето печурки не е ни малку едноставен процес. За правилен раст на шампињоните и добар принос, неопходно е да се избере права просторија за нивно одгледување. Секако, после ова најважно е во таа просторија да постојат оптимални услови во кои шампињоните ќе растат од самиот почеток на одгледување па се до бербата.

За производство на шампињони во домашни услови погодни се најчесто мрачни и влажни простории, кои тешко може да се искористат на друг начин. Таква просторија на пример е подрумот.

Современото производство на шампињони подразбира изградба на мали и големи хали и тунели кои мораат да бидат изградени по важечки стандарди и да ги задоволувата оптималните услови за одгледување на овие печурки. Производните простории секогаш мора да бидат чисти со можност за проветрување. Најважен услов за добар принос на шампињоните е секако температурата.

Оптимална температура за одгледување на шампињони

Шампињоните во текот на својата живтна активност во разни фази бараат различна температура и на неа се силно чувствителни. Поради ова, неопходно е просторијата или халата во која одгледувате шампињони содржи уреди за греење и ладење на воздухот, како и регулатор на температурата.

Во текот на целиот циклус на одгледување на шампињони, покрај температурата на воздухот мора да водите сметка и на температурата на супстратот. Доколку температурата на супстратот во било кој момент надмине 30 степени, неопходно е што поскоро да се разлади производната хала или тунел, бидејќи температурата над 30 степени може да ги уништи мицелиите.

Растот на шампињоните почнува со фаза кога мицелиумот проникнува низ компостот и покривниот слој. Оптималната температура во оваа фаза и во време на формирање на плодоносните тела е секако меѓу 15 и 17 степени. Оптималната температура за одгледување на шампињони во текот на фазата на развој на мицелиумот е околу 25 степени.
Мицелиите на шампињонот за 8 до 10 дена ја прерастуваат покривката а после тоа потребно е да се намали температурата за 5 до 7 степени. Повисока температура во производствената просторија ќе го забрза растот на печурката но ќе влијае на намалување на нејзиниот квалитет.

Во самиот супстрат температурата за време траење на бербата на шампињоните обично е од 15 до 17 степени. Доколку температурата во текот на бербата, која трае околу 45 дена, е повисока може да се случи дршките на печурките да се издолжат. Од друга страна доколку за време на растење темпертуарата е пониска од 15 степени, времето се продолжува но и шампињоните ќе бидат со поголем квалитет.

Обраните шампињони се чуваат на температура од околу 2 степена.

Влага, светлост и кавлитет на воздух

Покрај температурата неопходно е да се одржува и оптимална влажност на производствената просторија. Релативната влажност на воздухот во халите и тунелите за производство на шампињони треба да биде помеѓу 85 и 95 %.

Во текот на целиот производствен процес неопходно е присуство на свеж кислород, па е неопходно да се овозможи редовно проветрување во текот на сите фази на развој на шампињоните. Присуството на јаглероден диоксид негативно влијае на растот и развојот на печурката и неговата концентрација во воздухот не смее да биде поголема од 0,5%.

Директната светлост не влијае негативно на растот на шампињоните но може да предизвика сушење на производствените овршини но и промена на бојата на плодиштето и да го забрза развојот на болести и штетници, што значително влијае на квалитетот на плодот.

А.Г.

© 2019 Cyber Green Market LLC