VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Свет

Одгледување на сладок компир (батат)

Растението е билен повеќегодишен ползавец со наизменични срцевнидни или длаковидно назабени листови и сраснатовенечни цветови со средна големина. Коренот (кртулата) е издолжен и зашилен и има мазна лушпа чија боја може да биде жолта, портокалова, црвена, кафеава, виолетова или драп.

Во тропски услови е повеќегодишно растение, додека во суптропските и умерените реони е едногодишно. Расте и се развива при температури не пониски од 20°С, оптимумот е 30-35°С, додека при температура од 10°С не покажува животна активност

Слаткиот компир се одгледува поради клубените кои се користат во исхраната на луѓето во варена, печена и пржена форма. Од него се добива и брашно кое се користи како додаток во лебот и кондиторските производи. Се употребува и за производство на алкохол, а се преработува и во шеќер. Клубените во просек содржат: вода (69,0%), протеини (1,8%), масти (0,70%), скроб и шеќер (26,10%), целулоза (1,30%) и минерални материи (1,10%). Според енергетската вредност, слаткиот компир го надминува обичниот за 1,5 пати и во споредба со обичниот компир по вкус е многу сладок. Хемискиот состав варира во зависност од реонот на одгледување, односно тој што е одгледуван во потоплите краишта, а особено во тропските, има повеќе шеќер, а помалку скроб. Се употребува и за исхрана на добитокот и тоа вегетативната маса и клубените кои се непогодни за исхрана на човекот.

Во одредени земји тој претставува и основна храна. Слаткиот компир е повеќегодишно растение, но се одгледува како едногодишно. И покрај името, слаткиот компир не е близок сродник на компирот (Solanum tuberosum). Тој припаѓа на сосема друга фамилија, т.е. на фамилијата Convulvilacea (повивки), род Ipomo. Во тропски услови е повеќегодишно растение, додека во суптропските и умерените реони е едногодишно. Расте и се развива при температури не пониски од 20°С, оптимумот е 30-35°С, додека при температура од 10°С не покажува животна активност. Надземниот дел и клубените угинуваат при температури пониски од 2°С. Вегетацискиот период е релативно долг и изнесува 130-180 дена во зависност од сортата и географската положба.

Оптимално количество врнежи во вегетативниот период е 750-1.000 мм, а најмалку 500 мм. Слаткиот компир се размножува вегетативно со изданоци кои избиваат од клубените. Тие се отчепуваат кога ќе достигнат височина од 20 цм и се садат на постојано место. Може да се размножува и со стеблени резници. Постојат повеќе сорти. По однос на вкусот се делат на две групи: сорти со ароматичен вкус на тиква и сорти со вкус на костен, по печењето. Во умерените појаси се одгледува во плодоред. Основната обработка на почвата се состои од основно орање на длабочина од 30 см и култивирање на површината. Потоа се одбележуваат местата за садење. Бидејќи формира многу зелена маса и има голем принос, неопходно е ѓубрење со минерални ѓубрива. Според досегашни искуства во нашите климатски и почвени услови, односот на хранливите материи ИРК треба да биде 1:1,5:1,5, односно 60 кг/ха азот, 90 кг/ха фосфор и 90 кг/ха калиум. Сортите што рано стасуваат се садат на растојание 70х40 см, а оние што доцна стасуваат на 80х50 см. Се сади подоцна напролет кога ноќните температури не паѓаат под 10°С, а почвата е доволно топла. Садењето може да биде рачно или со садачки машини. За производство на расад за еден хектар површина се потребни од 400-500 кг клубени со средна големина.

Според статистиките на Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО), вкупното светско производство во 2018 година изнесувало 107 милиони тони и се одгледувал на површина од преку осум милиони хектари со просечен принос од 13,2 т/ха. Најмногу се произведува во Кина (81,1 милиони тони на површина од 3,7 милиони хектари). Приближно половината од приносот во Кина се користи како сточна храна. По континенти, најголем производител е Азија, па Африка. Во Европа најмногу се одгледува во Шпанија, Португалија, Италија, додека кај нас нема некоја особена традиција за консумација (можеби причина е и високата продажна цена во однос на обичниот компир и тиквата), па според тоа е малку застапен во производството и консумацијата. Најголемо производство по глава на жител имаат земјите каде што слаткиот компир е основна храна: Папуа Нова Гвинеја (500 кг по човек годишно), Соломонските Острови (160 кг), Бурунди и Руанда (130 кг) и Уганда (100 кг).

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen