VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Одгледување на рукола

Се произведува во текот на целата сезона, поднесува суша и мразеви, а покрај бројните хранливи и лековити својства, постојат уште неколку причини за нејзино одгледување и ширење кај нас.

Руколата е вкусен лиснат зеленчук со пикантен, горчлив и јак ароматичен вкус. богат со многу витамини и минерали. Оваа култура има високи хранливи. диететски и лековити својства. Таа е богат извор на калциум, магнезиум, железо, калиум, фосфор, витамин А, витамин К, витамин С, фолна и пантотенска киселина. Руколата содржи големи количества бетакаротен и тоа 1.424 мг (микрограми) на 100 грама, лутеин и зеаксантин – 3.555 мк на 100 г. Покрај тоа што содржи бројни хранливи состојки, руколата содржи и различни биолошки активни состојки: фито- хемикалии, чии антиоксидативни својства имаат позитивен ефект врз здравјето на човекот и го намалуваат ризикот од многу заболувања.

Во исхраната се користи како салата или компонента во мешани салати за подобрување на аромата и вкусот. Особено е позната како салата во медитеранската кујна подготвена со маслиново масло и сирење моцарела, горчината на листовите се зголемува со нивната старост, па затоа е најдобро да се консумираат млади листови. Кога се подготвува во готвена и бланширана состојба, ја губи горчината. Во некои земји се одгледува и поради семето, за добивање масло и сенф.

Записите за ова растение, кое води потекло од Средоземјето, укажуваат на нејзината кулинарска и медицинска употреба уште кај старите Римјани и Грци. Во древниот Рим и Египет се сметало дека семето и листовите на ова растение имале дејство на афродизијак. Тогаш руколата била неизбежна состојка на сирупите против кашлица и против скорбут, а денес е исто толку популарна во домашните кујни, современите ресторани и аптеки ширум светот.

До скоро беше непозната култура кај нас, но во последно време се зголемува нејзината популарност, па често се среќава во менито на модерните ресторани, во супермаркетите и градските пазари на поголемите градови. Нејзиното одгледување и ширење е предизвик, особено во малите градови и рурални средини, каде што се уште е непозната.

Покрај споменатите хранливи, диететски и лековити својства на оваа ценета култура. Постојат уште неколку причини за нејзино одгледување и ширење кај нас:

Може да се одгледува: во мали бавчи, на тераса, во пластеник, во саксии;
Може да се произведува во текот н а целата сезона, почнувајќи од март до октомври. Пожелно е да се врши сукцесивна сеидба на секои 14-20 дена, за да се овозможи постојана обезбеденост на пазарот;
Има кратка вегетација од40 дена;
Има скромни барања во однос на условите за одгледување;
Нема големи барања за топлина;
Отпорна е на ниски температури и мразеви;
Добро поднесува суша;
Успева на секаков вид почва, но најдобро е кога се одгледува на богата почва со неутрална или алкална рН реакција, на делумно засенчено место. Најдобро успева на лесни песокливи и средно тешки

ПОЧВИ

Таа е култура која нема сериозни проблеми со болести и штетници, па затоа не се потребни посебни мерки во поглед на заштитата во текот на вегетацијата.

Погодна е за органско производство. Се одгледува исклучиво со директна сеидба. Длабочината на сеидбата е околу 1 см., а никнува за неколку дена. Растојанието меѓу редовите изнесува 25 см. а во редот 3-5 см. при што е потребно количество на семе од 1.5 до 2 кг/ха. Се бере кога добро ќе се формира лисната розета. Обично дава до 2 кг принос по м2, односно приносот по хектар е 20 до 25 т. Исто така, руколата може да се чува во перфорирани кеси во фрижидер и во добро покриен сад 2-3 дена, на температура од 4 до 8°С. но најдобро е да се приготвува веднаш. бидејќи со стоење, дури и на ладно место, губи големи количества витамин Ц. Во поголеми количества, руколата се чува во специјални објекти со ладилници на температура од околу 0°С.
Извор: Моја земја

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen