Македонија

Одгледување на праз

Празот спаѓа во групата на двогодишни култури. Се одгледува претежно за берба во есенските денови. Се користи најповеќе поради големите нутритивни и лековити својства.

Празот најмногу е застапен во регионот на Општина Василево-Струмица, поточно село Градошорци. Почвените и климатските услови овозможуваат за одгледување на истиот при што се произведува доста квалитетен праз. Не спаѓа во култури кои барат висока технологија на производство.
Празот е најдобро да се одгледува во плодоред. За да се постигнат добри приноси и квалитетен производ, потребно е да се внимава на агротехничките мерки. Се наѓубрува со поголеми количества арско и минерално ѓубре. Пожелно е да се сади како втора култура и тоа по: салатата, спанаќот, грашокот, стрните жита. Лукот е растение кое бара претежно долги денови и при должина на денот од 10 до 12 часа ги формира листовите и луковицата. Оптимални потреби има во фаза на расадопроизводството. Не поднесува различна влажност на почвата во текот на вегетацијата.

Постојат домашни и увозни сорти на праз со кратко и долго стебло. Во текот на вегетацијата бара умерена клима а најдобро успева кога температурите се пониски, а тоа е есенскиот период кога температурата е помеѓу 15 и 20°С. Издржлив е на ниски температури, до -20°С.
Во текот на вегетацијата бара многу влага, па дури и до доцна есен. Како култура бара многу хранливи материи и затоа треба да се одгледува на доста плодни и структурни површини.

Најдобро е да се одгледува во плодоред. Се наѓубрува со поголеми количества арско и минерално ѓубре. Од минералните ѓубрива се употребуваат К|РК ѓубрива во сооднос 1:2:1. Азотот и фосфорот се внесуваат со подготовката на површината. Се прихранува 2-3 пати. Се одгледува со производство на расад. Потребно е површинскиот слој на почвата да биде добро обработен.

Сеидбата на расадот се врши во средината на март и на почетокот на април. На 1 м2 се сеат 8-10 грама семе. Семето се покрива со мешавина од плодна замја, дел од песок и дел од прегорено арско ѓубре. Расадот добро се вкоренува ако му се потскратат дел од коренчињата, а температурата во тој период треба да биде пониска и добро навлажнета.
Расадувањето се врши на крајот на јуни или почетокот на јули. Пожелно е да се сади како втора култура и тоа по: салатата, спанаќот, грашокот, стрните жита. Се расадува на растојание 20 х 20 или 25 х 15 см. По сеидбата на стално место веднаш треба да се залие со вода и така да се одржува во текот на целата сезона. Плевелите се уништуваат со окопување и по пат на употреба на хербициди. Првото прихранување е штом растенијата ќе се вкоренат, а второто е по 15-20 дена. Во текот на сезоната се заштитува претежно од болести, на пример, рѓа на листовите, ботритис, пламеница, против инсекти, претежно почвени и луковата мува.
Бербата се врши во есенскиот период, листовите кои се оштетени при бербата се отстрануваат, а врвовите на листовите и коренот се потскратуваат.
Доколку правилно се одгледува празот, приносите достигнуваат 30 – 50 т/ха.

Во исхраната се користи стеблото и листовите во текот на целата година. Во првата година образува доста силно, таканаречено лажно стебло, кај некои сорти високи и до 80 см, а во втората година височината може да достигне и до 2 м. На стеблото се формира крупна округла топка и цвет со светловиолетова боја кои најчесто се опрашуваат со инсекти, а потоа се формира доста ситно семе.

А.Г.

© 2019 Cyber Green Market LLC