Македонија

Одгледување на келераба

Келерабата е омилена во Германија и во Индија, а најмногу се одгледува во Северна и Западна Европа, од каде што потекнува. Таа е култивирана сорта на дивата зелка, а името потекнува од германските зборови за зелка (kohl) и репка (rube), бидејќи потсетува на овие две билки.

При крајот на втората половина на март келерабата може да се одгледува на отворено директно со семе, на тој начин на одгледување има свои предности, а и недостатоци. Предностите се во тоа што не се применува расадување и со мало проредување на растенијата тие брзо напредуваат, но од друга страна, поради поголемиот простор, отежнати се заштитата и наводнувањето.

Келерабата е растение од групата на зелкови култури кое е здраво и лековито растение во исхраната на човекот. Може да се бере од рана пролет, па се до доцна есен.

При крајот на втората половина на март келерабата може да се одгледува на отворено директно со семе но тој начин на одгледување има свои предности, а и недостатоци. Предностите се во тоа што не се применува расадување и со мало проредување на растенијата тие брзо напредуваат, но од друга страна. поради поголемиот простор, отежнати се заштитата и наводнувањето.


Почвата на која се одгледува келерабата не треба да биде премногу наѓубрена, посебно не со азотни ѓубрива и со арско ѓубриво, бидејќи по- ради поголемата содржина од овие хранливи материи, плодот распукнува. Сеидбата од расад е во редови меѓуредовото растојание е околу 30 см. а во редовите 10-15 см.

Негата во процесот на производството е вообичаена како и кај другите зелкови култури: меѓуредова обработка наводнување, заштита итн. Келерабата обично стасува за берба за околу 30-40 дена по расадувањето, а највкусна е кога е голема приближно колку едно јаболко.

Коренот не трпи суша и во недостиг на влага во почвата, коренот станува тврд и со горчлив вкус, но исто така и преголемата влажност не п одговара на келерабата бидејќи тогаш коренот распукнува. Согледувајќи го горенаведеното, може да се заклучи дека келерабата е растение кое треба често да биде одгледувано од производителите што се занимаваат со растително производство бидејќи е растение кое не бара големи потреби, а многу е вкусна и здрава за исхрана.

Постојат неколку сорти на келераба кои се разликуваат по вкусот и бојата и тоа од бледо зелена до темно виолетова. Најмногу се употребува додека е млада. Плодот е многу сочен, мек и вкусен и може да се консумира како салата.

А.Г.

© 2019 Cyber Green Market LLC