VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Одгледување на боровинки

Боровинката е светлољубива култура. При садење пожелно е да се избере место каде што растенијата ќе бидат изложени целиот ден на сонце.

Боровинката претставува повеќегодишен џбун со различна висина, во зависност од подвидот (европската е висока од 25 до 40 см, додека американската од 70 до 120 см).

Во Македонија, на високите планински врвови, природно расте европската боровинка. Кореновиот систем е плиток и се простира на длабочина од 15 до 60 см.

Цвета релативно доцна (во наши услови во месец мај), со што ги избегнува пролетните мразеви. Плодовите, во зависност од сортата, зреат од третата декада на јуни до крајот на јули. Богати се со витамини, антоцијани, шеќери и сл.

Поради овие карактеристики на плодот, се користи во свежа состојба и за различни преработки. Боровинката има специфични барања кон почвата и климата. Успева на богати почви со содржина на хумус повеќе од 3%, длабоки до 50 см, растресити и со кисела реакција (Ph 4.3 до 4.8).

За успешно одгледување, боровинката бара висока релативна влажност на почвата, воздух и врнежи од околу 800 мм. Во однос на температурата, особено во ниски температури е доста отпорна и издржува до -25°C. При планирање и подигање на насади, горенаведените барања треба да се земат предвид. Особено треба да се внимава на почвата и почвениот тип, содржината на хранливи материи и хумус, ПХ реакцијата и сл.

Доколку некој од овие параметри не одговара, потребно е да се направи обид за негова корекција, а доколку тоа не е можно, тогаш на такви површини не треба да се подига насад. Растојанието на садење меѓу редовите изнесува од 1.8 до 2.5 м, додека пак во редот се садат на растојание од 0.8 до 1.5 м, во зависност од сортата, почвата и механизацијата.

При подигање на насад најдобро е да се користат контејнерски садници, најмалку две до тригодишни. Садењето може да се направи наесен и напролет, со задолжително полевање по садењето.

Насадот од боровинки подигнат наесен и со постари садници, дава род уште истата година, а за две до три години одгледување, со добра агротехника, може да ја достигне својата полна родност, и во зависност од сортата, локацијата, агро и помотехничките мерки, да се добие принос од 6 до 10 т/ха.

Високоџбунестите (американски) боровинки во поголема количина садници се интродуцирани пред десетина години, при што се засадени 12 опитни парцели на разни локации од Македонија. Најдобри, со добар прираст и продукција, боровинките најмногу успеваат во подножјето на планината Беласица во Струмичкиот регион.

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!