
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Обесштетување за земјоделците од битолско поради поплавите
Вкупно ќе биде надоместена штетата од градот и поплавите на 185 земјоделци од Битола и битолско во вкупен износ од 48.739.605 денари, односно речиси 800.000 евра.

Владата ќе исплати скоро 800.000 евра обесштетување на индивидуални земјоделци од Битола и битолско чии посеви беа погодени од град и поплава во јули и август годинава, рече координаторот на советничката група на СДСМ Битола - Методија Илиевски.
-Комисијата за проценка на штети од природни непогоди ја заврши својата работа, советниците дадоа поддршка за извештаите, а Владата на Република Северна Македонија во најскоро време треба да ги исплати средствата на сметките на оштетените.

За невремето проследено со град во јули, Комисијата разгледа и прифати 171 барање на исто толку зејмиделци, направи увид на лице место на 681 парцела и определи отштета во вкупна вредност од 44.651.605 денари. Со овие средства ќе бидат обештетени земјоделци во Кукуречани, Крклино, Карамани, Бистрица, Трново, Долно Оризари, Црнобуки, Горно Оризари, Крстоар, Брод, Жабени и Могила.
Комисијата прифати барања за обесштетување на 14 земјоделци, изврши увид на 16 парцели и бара од Владата исплата на 4.088.000 отштета. Погодените стопанства се во Битола, Жабени, Оптичари и Логоварди, рече Илиевски.
Вкупно ќе биде надоместена штетата од градот и поплавите на 185 земјоделци од Битола и битолско во вкупен износ од 48.739.605 денари, односно речиси 800.000 евра.
