
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Нормално ќе продолжат земјоделските активности-нема опасност од мразеви
Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот по 10.04.2020 година, да простор за оптимизам и вообичаено продолжување земјоделските активности

Изминатата седмица се чини беше и најкритичната за оваа пролет во однос на касните пролетни мразеви, соопштуваат од Секторот за агрометеорологија, при Управата за хидрометеоролошки работи.
Сепак забележаните минимални негативни температури во најкритичните денови беа многу блиски до границите на издржливост или пониски од нив, особено во најголемиот дел од подрачјата каде и фено-фазите беа најнапредни, што наведува на тоа дека штети ќе има кај кајсијата и останатите коскести овошки, но сепак на поголем дел од површините овие штети ќе бидат со проредување на плодот, поголемо или помало, но не целосно уништување.

Во текот на наредната седмица очекуваните временски услови со температури околу 20 оС, стабилно и суво, во голема мерка ќе ја подобри состојбата, а добро е што ваквите температури нема да имаат многу високи вредности и нивното прилагодување ќе оди постепено.
Ваквите временски услови ќе овозможат нормално продолжување на пролетната сеидба со добра влага во почвата, умерени дневни температури и погодна температура на почвата.
Од утре попладне, како што информираат метеоролозите следува период со повремено зголемување на облачноста. Услови за локален дожд ќе има во недела попладне претежно во јужните делови од земјава, а ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер. Потоа, врнежливо во поголем дел од земјава ќе биде во вторник попладне и во текот на ноќта кон среда, кога ќе дува засилен северен ветер, а тоа ќе услови опаѓање на дневната температура во среда.
Б.А.Н.
