
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Свет
Ново откритие: Растенијата комуницираат меѓу себе!
Колку повеќе ги проучуваме, толку подобро ќе ги запознаеме и разбереме. Ова ново истражување покажало дека растенијата можат да комуницираат меѓу себе кога се нападнати од штетници

Студијата спроведена во Cornell Universiti, во САД, покажала дека билките меѓу себе можат да праќаат пораки во вид на хемиски соединенија, кои се пренесуваат преку воздухот, познати како испарливи органски соединенија (VOC).
Професорот по екологија и еволуциска биологија Андре Кеслер и неговиот тим на Универзитетот, се фокусирале на следење на животот на растението Solidago altissima, кај нас познато под народното име златица,златно перце или жива трева. Тие го следеле однесувањето на ова растение и однесувањето на инсектите кои се хранат со неговите листови. Она што го откриле се смета за револуционерно сознание.
„Кога се под опсада и напад на бубачки, мирисот на златицата што се пренесува преку VOC е идентичен меѓу секое растение. Ова го протолкувавме како ист „јазик“ или исти знакови на предупредување за да се споделат информациите“, вели професорот Кеслер. Истражувањето покажало дека и останатите растенија во околината ги ловат предупредувањата од VOC и се подготвуваат за најавената опасност, како што е доаѓањето на штетните инсекти.

Кеслер објаснува дека она што го виделе кога билките биле нападнати од патогени или инсекти, е дека тие го менуваат својот метаболизам. „Но тоа не е случајна промена. Всушност, тие хемиски и метаболички промени им помагаат на овие билки да се носат и да им се спротистават на напаѓачите, што е многу слично со функционирањето на човечкиот имунолошки систем. Иако растенијата немаат антитела како луѓето, тие можат да се борат со исклучително силна хемија“, објаснува тој. Таа хемија ги вклучува одбрамбените соединенија VOC. На пример некои од VOC може да привлечат штетни и грабливи инсекти или паразити, да ги убијат и да ја спасат билката.
Ова откритие може да има и практична примена ширум светот.
Меѓусебната интеракција меѓу растенијата може да се користи во органсото земјоделство на едно повисоко ниво од досегашното, објаснува професор Кеслер. Целиот негов тим во моментов е вклучен во работата на сложен проект во Кенија. Меѓународниот центар за физиологија и екологија на инсектите развил проект, односно ситем, што се однесува на манипулирање на тековите на информации помеѓу растенијата со што би се обезбедила подобра контрола врз штетните инсекти, кои ги пустошат пченкарните полиња во Африка!
Б,А,Н.
