VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Нови средства за сточарите кои набавиле назимки и пчелини матици

Сите сточари кои во период од 01- ви октоври до 31- ви декември 2019 година, набвиле педигрирани, хибридни чистокрвни свињи и пчелини матици од одобрени одгледувалишта, ќе може да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку Мерката „121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ од Програмата за Рурален развој.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека право на аплицирање за добивање на оваа финансиска поддршка, имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Финансиската поддршка за набавка на пчелини матици е до 600.000 денари по корисник, додека за набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи финансиската поддршка е до 6.500.000 денари по корисник.

Финансиската поддршка за Мерката 121, се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Бабовски, појаснува дека ставката за ко-финансирање се зголемува во случаите кога:

-Инвестицијата ја реализирал млад земјоделец. За оваа категорија баратели кофинансирањето изнесува 55%..
-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кофинансирањето е до 60% ,
-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец кофинансирањето е до 65% и
- инвестиции во недостапни рурални заедници се кофинансираат со 75% од средствата кои се прифатени. “ – посочува Бабовски.

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk , e-baranje.ipardpa.gov.mk.
Барателите на финансиска поддршка, потребно е да креираат електронско барање за исплата. Со бараните податоци да ги прикачат и задолжителните електронски документи. Електронски пополнетото барање за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година., уредно заверено со потпис и печат од барателот, заедно со целокупната потребна документација оригинал се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ Барање за исплата и Архивски број на Барањето (0220-12125-XXXX/1). Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

Краен рок за достава на барањата е 15.07.2020 година.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.

• Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање на e–baranje.ipardpa.gov.mk
• Барањата кои не поднесени електронски на e–baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.


Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и финансиските обврски кон Јaвното претпријатие за стопанисување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen