Македонија

Нови средства за модернизација и развој на рибарството

Поддршката изнесува до 7.000.000,00 денари по поединечен корисник, од кои максималниот поврат на средствата односно грантот е од 50 до 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција.

Сите што сакаат да градат нови или да ги ревитализираат рибници и пунктови или сакаат да градат капацитети за преработка на риби од денеска па се до 22- ри март ќе може да аплицираат за добивање средства преку Програмата за рибарство и аквакултура.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека финансиската поддршка изнесува до 7.000.000,00 денари по поединечен корисник, од кои максималниот поврат на средствата односно грантот е од 50 до 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција.
Доделената финансиска поддршка е неповратна, а барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред да потпишат договор за ко-финансирање со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.

Право на користење на оваа поддршка имаат субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и кои поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да изградат капацитет за аквакултура; или поседуваат дозвола за користење на вода за поставување на кафези во зоните предвидени за аквакултура, субјекти кои се запишани во регистарот на одгледувачи на риби при МЗШВ, како и сите субјекти кои се од ранг на микро, мали и средни претпријатија кои поседуваат или планираат да изградат преработувачки капацитет наменет за преработка на риба.

Барањата за користење средства со листата на потребни документи и Упатсвото за корисниците може да се превземат од веб страницата на Агенцијата, www.ipardpa.gov.mk, во делот Рибарство и аквакултура 2020. Барањата доставени по 22- ри март 2020 година нема да бидат разгледувани, информираат од надлежното министерство.

Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC