VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Нови решенија за промет на земјоделски производи

За производите за заштита на растенијата, биостимулаторите ѓубривата и подобрувачите на својствата на почвата, ќе важат решенијата за пуштање во промет се додека е на сила вонредната состојба, но и 90 дена по престанокот на истата

Имајќи ја предвид прогласената вонредна состојба во државата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Владата предложи донесување на уредба со законска сила со цел овозможување нормално функционирање на државата и заштита на јавното здравје, спречување на ширење на вирусот Корона (COVID 19) и производство да доволни количини на храна од примарно земјоделско производство, се вели во денешното соопштение на надлежното Министерство.
МЗШВ информира дека во следниот период, за времетраење на вонредната состојба ќе се применуваат нови решенија покрај постоечките за одобрување за пуштање во промет на производи за заштита на растенија издадени врз основа на дозвола издадена од земја членка на Европската унија, за време на траење на вонредната состојба ќе се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила со која се овозможува на економските оператори кои увезуваат и ставаат во промет хемикалии кои се користат во земјоделство да ги ставаат во промет производите за кои претходно имаат добиено дозвола од Министерството за пласирање на пазар.

Решенијата за одобрување за пуштање во промет на производите за заштита на растенијата, биостимулатори ѓубрива и подобрувачи на својства на почва издадени врз основа на на дозвола издадена од земја членка на Европската унија, чиј рок на важење на дозволата е истечен или истекува за време на траење на вонредната состојба, продолжуваат да важат за време на траење на вонредната состојба како и 90 дена од престанокот на траење на вонредната состојба.

Овие уредби со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Исто така, МЗШВ е во финална фаза на интеграција за издавање на електронски дозволи за што економските оператори потребно е да обезбедат дигитални потписи и печати за доставување на овие барање на било каков електронски носач или преку https://uslugi.gov.mk/ за што е потребно да регистрираат профил на овој електронски портал.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen