VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

October 20, 2020, 7:36:36 AM
Македонија

Нови правилници за директно снабдување со храна од малите фармери

Подзаконските акти за регулирање на директната продажба на мали количини производи од страна на фармерите, претставува можност за развој и унапредување на работењето на земјоделците

Стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство на Факултетот за земјоделски науки и храна одржаа работен состанок со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши прилагодување на програмите за финансиска подршка.

Cyber Green Market News

Презентирани биле новите правилници за директно снабдување за храна од неживотинско и животинско потекло со цел овие институции да извршат прилагодување на програмите за финансиска поддршка на новите правила за директно снабдување. Како што било истакнато на состанокот, подзаконските акти за регулирање на директната продажба на мали количини производи од страна на фармерите претставува можност за развој и унапредување на работењето на земјоделците, чии производи без посредство на трговците можат директно да ги пласираат на пазарот.

Правното регулирање на директното снабдување е основа за производство на земјоделски производи со зголемена, додадена вредност и можност за зголемување на конкурентноста, водејќи сметка за хигиенските стандарди кои ќе ја гарантираат безбедноста на производите.
Со правилниците како што било истакнато на состанокот е воспоставена можност за следливост на производите и за гарантирање на нивната безбедност.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259