Македонија

Нови правила за движење на земјоделците

Нема да се издаваат дозволи за движење на земјоделци постари од 67 години

Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, а која што стапува во сила од денеска (среда 08.04.2020), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците:
-Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површинии на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.
-Земјоделците пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.
Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата кадешто им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува како и досега, преку испраќање на податоци до Подрачните единици на МЗШВ. Сите досега издадени дозволи, продолжуваат да важат до крајот на вонредната состојба.
Исто така, од Министерството напоменуваат дека строгo се забранува издавање на дозволи за движење на земјоделци кои имаат навршено и над 67 години. Тие треба телефонски да се јават во Подрачната единица на МЗШВ и да пријават еден помлад член со кој се во роднинска врска (син, ќерка, зет, снаа, внук) и на тоа лице ќе му биде издадена дозвола за движење.

Право на движење има само еден член на земјоделско стопанство.
Барањата за дозвола се доставуваат по телефон или на е-маил до подрачната единица на МЗШВ, од понеделник до четврток, најдоцна до 12 часот. Готовите дозволи се принтаат од страна на вработените во подрачната единица и им се даваат на земјоделците.
Издадените дозволи за движење на земјоделците, важат до крајот на вонредната состојба.
• Право на издавање на дозвола имаат само евидентираните земјоделци во Единствениот регистар на МЗШВ.

• Фирмите чија дејност е поврзана со земјоделско производство имаат право самите да издаваат потврди за движење на своите вработени.

Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата, и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесме во справувањето со коронависрусот во нашата држава.




ПОДРАЧНА ЕДИНИЦА Лице за контакт Телефон маил адреси
1 БЕРОВО Гоце Милошевски 072/204-514 pe.berovo@mzsv.gov.mk

2 БИТОЛА Методија Илиевски 070/373-554 pe.bitola@mzsv.gov.mk

3 БОГОВИЊЕ Басри Ферати pe.bogovinje@mzsv.gov.mk

4 ВАЛАНДОВО Васко Камчев 071/388-743 pe.valandovo@mzsv.gov.mk

5 ВЕВЧАНИ Татјана Дуцкиноска-Петреска pe.vevcani@mzsv.gov.mk

6 ВЕЛЕС Зоран Наковски 070/390-328 pe.veles@mzsv.gov.mk

7 ВИНИЦА Зоран Соколов 071/367-258 pe.vinica@mzsv.gov.mk

8 ВРАПЧИШТЕ Гзим Хода pe.vrapciste@mzsv.gov.mk

9 ГАЗИ БАБА Горан Поповски 070/389-456 pe.gazibaba@mzsv.gov.mk

10 ГЕВГЕЛИЈА Дејан Маркудов 070/410-947 pe.gevgelija@mzsv.gov.mk

11 ГОСТИВАР Али Елези pe.gostivar@mzsv.gov.mk

12 ДЕБАР Арбен Муладаути 071/367-459 pe.debar@mzsv.gov.mk

13 ДЕЛЧЕВО Илче Каранфиловски 070/410-954 pe.delcevo@mzsv.gov.mk

14 ДЕМ.ХИСАР Владимир Крстевски pe.demirhisar@mzsv.gov.mk

15 КАВАДАРЦИ Митко Керов 070/410-962 pe.kavadarci@mzsv.gov.mk

16 КАРПОШ Сашо Леонидов 070/403-857 pe.karpos@mzsv.gov.mk

17 КИСЕЛА ВОДА Азим Исеин 078/210-781 pe.kiselavoda@mzsv.gov.mk

18 КИЧЕВО Снежана Софрониевска 071/367-414 pe.kicevo@mzsv.gov.mk

19 КОЧАНИ Горанче Миладинов 070/410-961 pe.kocani@mzsv.gov.mk

20 КРАТОВО Љубе Цветанов pe.kratovo@mzsv.gov.mk

21 КР.ПАЛАНКА Ивица Бојковски 070/410-433 pe.krivapalanka@mzsv.gov.mk

22 КРУШЕВО Славица Стефановска 070/403-850 pe.krusevo@mzsv.gov.mk

23 КУМАНОВО Насер Даути 070/403-849 pe.kumanovo@mzsv.gov.mk

24 МАК.БРОД Адријана Лаброска 070/403-846 pe.makedonskibrod@mzsv.gov.mk

25 НЕГОТИНО Сашко Минов 070/390-116 pe.negotino@mzsv.gov.mk

26 ОХРИД Сашо Сукловски 070/410-952 pe.ohrid@mzsv.gov.mk

27 ПЕХЧЕВО Елеонора Димитров pe.pehcevo@mzsv.gov.mk

28 ПРИЛЕП Зоран Пачешкоски 070/410-432 pe.prilep@mzsv.gov.mk

29 ПРОБИШТИП Кузев Дарко 070/410-435 pe.probistip@mzsv.gov.mk

30 РАДОВИШ Стојан Ангелов 070/410-948 pe.radovis@mzsv.gov.mk

31 РЕСЕН Игор Ивановски 070/390-128 pe.resen@mzsv.gov.mk

32 СВ.НИКОЛЕ Дејан Гичев 070/390-184 pe.svetinikole@mzsv.gov.mk

33 СТРУГА Ариета Велиу 071/322-107 pe.struga@mzsv.gov.mk

34 СТРУМИЦА Васил Коцев 070/410-431 pe.strumica@mzsv.gov.mk

35 ТЕТОВО Африм Сејрани 070/409-934 pe.tetovo@mzsv.gov.mk

36 ЧАИР Младен Колариќ 070/403-859 pe.cair@mzsv.gov.mk

37 ШТИП Павел Иванов 070/410-946 pe.stip@mzsv.gov.mk

38 КРИВОГАШТАНИ Коста Дурланов 070/403-862 pe.krivogastani@mzsv.gov.mk

39 БРВЕНИЦА Африм Сејрани 070/409-934 pe.brvenica@mzsv.gov.mk

40 РОСОМАН Зоранчо Шалев 070/403-852 pe.rosoman@mzsv.gov.mk


МЗШВ

© 2019 Cyber Green Market LLC