
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Не постојат докази дека миленици може да го шират вирусот!
Светската организација за здравствена заштита на животните ОИЕ, наведува дека нема потврда за оправданоста за превземање мерки против домашните миленици

Во извештајот на ОИЕ (Светската организација за здравствена заштита на животните) меѓу другото се вели дека моменталното ширење на вирусот COVID-19 е резултат на пренос од човек на човек. До ден денес, не постојат докази дека домашните миленици можат да ја шират болеста. Исто така нема потврда во оправданоста за преземање на мерки против домашните миленици кои може да ја компромитират нивната благосостојба

Ова на својот фејсбук профил, го пренесе директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, кој исто така појасни дека ветеринарните служби во Хонг Конг ја известиле ОИЕ дека кучето кое имало позитивен тест на вирусот COVID-19 следувал по блиската изложеност и контакт со неговиот сопственик кој бил заразен со COVID-19 – нотификација (01/03/2020) и извештај бр1 (09/03/2020). Тестот спроведен со real time PCR, покажал присуство на генетски материјал од вирусот COVID-19. Кучето не покажувало клинички симптоми на болеста.
Не постојат докази дека кучето има улога во ширењето на ова човечка болест ниту пак тоа заболело.
Во известувањето на ОИЕ се вели дека понатамошни испитувања се потребни за разбирање дали и како различни животни можат да бидат погодени од вирусот COVID-19.
Понатаму ОИЕ наведува дека не постојат докази како поддршка за воведување мерка на ограничување на движењето или трговијата со домашните миленици.
Во известувањето се препорачува после контакт со домашен миленик задолжително да се измијат рацете и да не се допирате по лицето и носот со нечисти раце, пишува Атанасов на својот фејсбук профил.
Б.А.Н.
