VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Колумна

Неуништива пластика!

До неодамна, многумина се надеваа дека крајот на употреба на пластиката и загадувањето од пластичните производи ќе се случи во блиска иднина. Но, коронавирусот, за жал, ја промени ситуацијата и стана причина за нов бран на употреба на пластика.

Од почетокот на пандемијата, забележано е значително зголемување на пластичниот отпад насекаде низ светот, како што се медицинските маски, ракавици и скафандери, како и зголемен број набавки на марамчиња за еднократна употреба и течен сапун, кои се наоѓаат во пластични амбалажи.
Според расположивите податоци Македонските граѓани користат од 120 до 150 милиони пластични кеси годишно во кои потоа фрлаат различен отпад. Неодамна беше објавено дека освен во океаните, микропластиката е и во нашите тела. Ја внесуваме преку водата која ја пиеме, но и преку намирниците кои секојдневно ги јадеме.
Научниците дошле до шокантни откритија за количината на пластика која ја внесуваме во себе. На пример, секоја недела внесуваме 2.000 мали парчиња пластика. Тоа е околу пет грама, колку што е тежок приклучокот на пластично шише. Експертите велат дека најмногу конзумираме од школки, сол и пиво. Месечно во себе внесуваме 21 грама пластика.
„Се што знаеме во моментов е дека внесуваме премногу пластика и дека таа е токсична за нашето тело. Тоа е доволна причина за загриженост“, изјави д-р Тава Паланисами, од австралискиот Универзитетот Њукасл, кој работеше на споменатата студија.
Годишно во себе внесуваме 250 грама пластика, а тоа е еднакво на полн сад со житни култури, објави Daily Mail.
Пластиката не се разградува, таа само се распаѓа на помали парчиња, па завршува и во ланецот на исхрана.
Ако просечниот животен век изнесува 79 години, за тој период човекот внесува 20 килограми пластика во телото, што е доволно пластика за две полни канти за ѓубре.
Генералниот директор на Светската организација за зачувување на природата, Марко Ламбертини, изјави дека наодите би требало да послужат како повик за будење на владите.
„Не само што пластиката ги загадува нашите океани и водните патишта и го убива морскиот живот, таа постои во сите нас и не можеме да избегнеме да консумираме пластика“, изјави Ламбертини, и додаде дека глобалното дејствување е итно и неопходно за борба против оваа криза.

Пластиката во која било форма е евтина, лесна, практична и најчесто за една употреба. Кога ќе си ја заврши функцијата, едноставно, во нив се става ѓубрето и се фрла, најчесто кој кај ќе стигне. Малкумина знаат, а уште помалку размислуваат за тоа дека за разградување на пластиката, која патем се прави од нафта, се потребни цели 500 години или, поинаку речено, половина милениум! Затоа и се вели дека таа е практично неуништлива.
Во светот се води агресивна кампања за пластичните ќесиња да се заменат со хартиени, пластичните торби со платнени, пластичните шишиња со стаклени. Но и покрај тоа, 50 отсто од вкупното производство на амбалажа сепак е направено од пластика. Нејзината економичност се гледа и во податокот дека 100 килограми пластика успешно заменуваат 300 килограми метал, на пример, во автомобилската индустрија. Само минатата година во западна Европа вкупното количество на комуналниот отпад изнесувало 133 милиони тони. Од ова, на пластиката отпаднале 10,5 милиони, но според податоците истото количество влегло и во процесот на рециклирање!

Што се однесува до нашата земја, ние не сме дел од оваа приказна. Немаме дури ни основни податоци каде колку и каков отпад се собира. Што е најстрашно, далеку сме од културата на рециклирање. Кај нас пластиката е целогодишен урбан декор, ќесињата висат и се нишаат на гранките од дрвјата, ги разнесуваат и ги расфрлаат кучињата и мачките по контејнерите, а пластичните шишиња како “бродска флота” пливаат низ реките и езерата. Пластиката ги затнува канализационите одводи кои избиваат некаде низ шахтите во урбаните населби, дивите депонии кои се легло на зарази истовремено се и игралишта за децата, но кој да мисли дека ќесињата што денес ги красат дрвјата низ државата или пластичните шишиња со кои деновиве е послан кејот на Охрид, ќе бидат истите оние што ќе ги видат нашите правнуци по цели 5 века!
Нацрт-законот што минатата година го предложи ресорното Министерство, а предвидува генерална забрана на пластичните ќеси за еднократна употреба е дел од усогласувањето со директивата на ЕУ која воведува забрана за користење пластика за еднократна употреба, што меѓу другото вклучува пластични чаши, ќеси, шишиња, прибор за јадење. Тие правила на ниво на ЕУ ќе стапат на сила од 2021 година. Новата регулатива во земјава, пак, се очекува да биде усвоена од новиот парламентарен состав и да стапи на сила во најоптимистичната варијанта кон крајот на следната година.

Б.Абрашева Ноциќ

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen