VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Неповолни временски услови за приносот и квалитетот на пченицата

Агрометеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи предвидуваат дека високите температури ќе придонесат за нагло зреење на пченицата во Пелагонија, што ќе резултира со намален принос и послаб квалитет

Наглото затоплување на времето во изминатата седмица со температури над 37 оС а на одредени места и блиску до 40 оС предизвикаа предвремено и нагло зреење на пченицата во Пелагонија, што ќе резултира со намален принос и послаб квалитет на зрното заради брзата дехидратација.

Високите температури пропратени со висока релативна влага во воздухот како резултат од нестабилностите попладне кон крајот на седмицата, во одредени региони допринесува за создавање на оптимални услови за појава на болести и развој на штетници на што земјоделците треба да обрнат особено внимание и да ги заштитат своите посеви.

Променливото и нестабилно време од викендот, треба да продолжи и во првата половина од наредната седмица со повремени врнежи од дожд попладне и со пониски дневни температури кои само во јужните делови треба да достигнат врдности околу 34 оС кон крајот на седмицата.

Вакви временски услови во овој период на изведување на жетвата ќе им предизвикаат прекини на земјоделците во извршувањето на работите во поле, но добиените врнежи од ваквите нестабилности би биле добредојдени за пролетни окопни или градинарски култури.

Во втората половина од седмицата треба да дојде до постепено стабилизирање на времето што ќе овозможи понормален тек на работите на отворено кои во овој период ги има во изобилство.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!