Македонија

Неповолна агрометеоролошка прогноза!

Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза до крајот на јануари

Временската состојба која подолго време е непроменета со надпросечни температури на воздухот, допринесува за негативни влијанија врз земјоделските култури. Од Секторот за агрометеорологија при Управата за хидрометеоролошки работи истакнуваат дека единствено погодни за изведување се работите на отворено, односно земјоделските работи околу кроењето на праските и виновата лоза.

Зимската суша особено своето негативно влијание го изразува кај есенските посеви кај кои се елиминира можноста да се изврши првото прихранување кај порано посеаните култури, кои се во понапредни фази на развој.

Прогнозите и за наредната седмица не нудат ништо поразлично од досегашните временски услови, со минимални утрински температури до -5 Целзиусови степени и дневни температури на водухот од 4 до 8 Целзиусови степени.
Ваквите временски услови се невообичаени за јануари и токму затоа имаат негативно влијание врз земјоделието.

Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC