
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Нема мед од Кина
Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантира сите наводи кои последниве денови се пласираа во јавноста , а во кои се вели дека Македонија е преплавена со увозен мед од Кина

Во земјава не се продава мед по потекло од Кина. Увоз на мед од оваа земја не е реализиран ниту лани, ниту во 2018 година, тврдат од Агенцијата за храна и ветеринарство -институција одговорна за безбедноста на храната и заштитата на правата на потрошувачите, кои дополнуваат дека во земјава се увезува безбеден и квалитетен мед.
Минатата година се увезени 35 пратки со мед, со вкупна количина од 220 515 килограми и 29 пратки тешки 156 238 килограми кои се по потело од соседна Србија. Три пратки со вкупна тежина од 63 000 килограми лани се увезени од Молдавија, една пратка со 1 151 килограм мед е од Австралија и една од Франција, со тежина од само 126 килограми.

Сите пратки со мед кои се увезуваат во земјава подлежат на задолжително лабораториско испитување при влез во земјава со цел контрола на резидуи и контаминенти, одредување на квалитетот на медот, начинот на пакување и означување и утврдување на евентуално недозволено присуство на антибиотици во медот. Од сите земени мостри од увозните пратки со мед, досега не се евидентирани отстапувања по однос на овие параметри, односно медот кој се увезува во земјава е безбеден и квалитетен, тврдат од Агенцијата за храна и ветеринарство
Во 2018 година, во земјава увезени биле вкупно 420 649 килограми мед, најголеми количини или 252 000 килограми од Молдавија, 168 504 килограми од соседна Србија и 145 килограми мед по потекло од Франција.
Б.А.Н.
