VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Нема леб без ајвар !

Подготвувањето на зимницата, туршијата, разноразните сецкани салати, модри патлиџани, пирето од домати, и какви не марифетлаци, но и печењето на македонската варијанта на кавијар-ајварот, кај нас има култен статус.

Сонцето стивна. Дождовите полека го претвораат долгото топло лето во жолта, тивка и миризлива есен. Но, Македонија дури сега вистински чади. Блазе си им на оние кои имаат куќи со дворови, но немањето соодветен терен не е никаква пречка ќумбињата со долги оџаци да не се постават и пред зградите во урбаните градски средини. Затоа што подготвувањето зимница е најважната активност во годинита за секое семејство во земјава, кое себе се смета за домаќинско. Пиперките без разлика дали се зелени за туршија, бабури за полнење, везени и лути или црвени за ајвар се наше национално богатство број еден! Затоа и ќе се претворат во ајвар, ќе вистат нанижани по балконите и чардаците, или ќе ги красат полиците во кујните, уредно наредени во стерилни тегли. Така барем кај нас се чека зимата.
Време за зимница
Ноември е најтешкиот месец во годината. Кој ќе го преживее, спремно ќе ја дочека Новата година. Оваа активност дефинитивно бара знаење, вештина, многу време, но најмногу љубов. Подготвувањето на зимницата, туршијата, разноразните сецкани салати, модри патлиџани, пирето од домати, и какви не марифетлаци, но и печењето на македонската варијанта на кавијар-ајварот, кај нас има култен статус.Оваа констатација е потврдена со фактот дека производството на пиперки од сите сорти низ годините константно е во пораст.

Нашиот ајвар има плоден историјат. Жителите на ова поднебје –кои важат за негови творци, многу пати до сега биле шокирани кога е ајварот во прашање. Најпрво пред две децении кога словенечката фирма „Живилска индустрија“ од Камник го регистрира ајварот како свој автентичен производ во Патентниот завод во Германија. Вториот пат шокираноста дојде откако се прошири веста дека нашата најголема национална гордост, нема никаква нутритивна вредност. Но, со ваквото тврдење не се согласуваат нутриционистите кои велат дека, иако со конзервацијата, термичката обработка и сушењето, се губат дел од хранливите вредности во растенијата, во ајварот невозможно е да нема ништо. Со пржењето не исчезнува се што е здраво и корисно. Производот содржи енергија, има доволно количество маснотии, и тоа такви кои вршат екстракција на се што значи обоена материја. Со додавање на маслото за јадење се добива големо количество на витамин Д, а со чувањето и со неговото доферментирање се создава многу корисниот витамин Е. Истото важи и за различните варијанти зимница чија основа се повторно печените црвени пиперки, познати под други имиња ккако пинџур или лутеница. Во последниве задолжително се додаваат и некои други зачини или зеленчуци кои го збогатуваат вкусот. Често се додава и лукот што важи за еден од најсилните природни антибиотици досега познати во исхраната.
Богатство од бои и вкусови
Покрај нејзиното височество пиперката, есента е време кога зелените пазари се преплавени и со други видови зеленчуци, погодни за конзервирање. Црвените домати, најбарани во лето, сега се заменуваат со зелени. Од јужноамериканскиот континент на нашиот, доматите најпрво биле донесени како украсни плодови, иако имаат извонреден хемиски состав. Без оглед дали доматот ќе биде претворен во сос или ќе биде замрзнат во фрижидерите , тој ќе остане богат со калциум, железо, органски киселини-јаболкова, оксална и лимонска киселина, но и со витамините А и Ц.

Не случајно зелените домати, морковот карфиолот и краставичките се користат како материјал за туршија. Сите овие зеленчуци, на еден или на друг начин имаат исклучителни својства. Доколку правилно се зема во исхраната во текот на зимата, туршијата може да обезбеди и механичка и физиолошка ситост на организмот. Искусните домаќинки знаат дека во туршијата може да се стави и дињата, која знае да биде многу пикантна во комбинација со останатиот зеленчук. Таа има 10 пати помалку витамин Ц од пиперката, но затоа 5 пати повеќе од целерот, тиквичките и лукот. Нејзиното богатство е во витаминот А, што го содржи повеќе од грашокот, боранијата и карфиолот заедно. Кога сме веќе кај зимницата, расолот, односно киселата зелка е единствениот производ што во наши услови може да му конкурира на ајварот. Без киселата зелка не може да се замисли ниту една домаќински приредена гозба или слава. Но, ова е веќе малку поинаква приказна.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!