
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
На 7-ми септември се отвора Винскиот музеј во Кавадарци
Вина од македонски производители ќе може да се погледнат и да се купат во новиот кавадаречки Вински музеј што ќе биде отворен на 7 септември, Денот на ослободувањето на Кавадарци.

По едногодишната реконструкција, вината од домашните винарии ќе бидат изложени во посебни витрини и ќе бидат дел од музејската поставка, на новиот вински музеј во Кавадарци. Станува збор за вина произведени во средни и големи винарници, но и во мали семејни винарии.
-Во иднина ќе има можност и за дегустација на македонски вина во рамки на активностите на Музејот и на манифестациите кои претстојат. Музејската поставка претставува отсликување на развојот на лозарството и винарството во најголемиот лозаровинарски регион во државата, Тиквешкиот, од антика до денес, изјави за МИА в.д. директорот на Локален вински музеј за регионот „Тиквеш” Кавадарци, Весела Честоева.

Честоева најави и други активности со кои, вклучувајќи го и новиот Музеј, ќе се привлечат што поголем број туристи.
Инаку, Општина Кавадарци преку Бирото за регионаленразвој, а во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ја започна реализацијата на проектот за ,,Реконструкција и адаптација на објект Винска куќа-Кавадарци пред една година.
Проектот опфаќа реконструкција на Винската куќа, со замена на покрив, поставување на нова армирано-бетонска плоча, нова челична конструкција, изолација на ѕидови, како и зајакнување на надворешните ѕидови, поставување на нова електрична инсталација и партнерно уредување, Деновиве по направениот увид од страна на надлежните, е посочено дека за обновувањето на новиот Музеј, се потрошени 7,5 милиони денари кои се со кофинансирање од Министерството и Бирото за регионален развој, но од вкупната сума, три милиони денари се општински пари.
Б.А.Н.
