VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

На Табановце спречен увоз на фалсификувана и небезбедна храна

Инспекциските служби од Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Интерпол и Еуропол веќе цела година учествуваат во глобалната битка за спречување и трговија на фалсификувана и небезбедна храна

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство беа дел од големата акција ОПСОН 9 на ИНТЕРПОЛ и Еуропол, во која Република Северна Македонија, учествуваше заедно со уште 82 држави и во која акцент беше ставен на трговијата со фалсификувана и неквалитетна храна и пијалаци. Акцијата се реализира во временски период од декември 2019 до јуни 2020 година.

Во рамки на законските дефинираните надлежности, официјалните ветеринарни на граничен премин, во насока на заштита од внесување на вирусот на високо патогена инфлуенца во Република Северна Македонија, спречија увоз на три пратки со по 21 тон механички обескостено пилешко месо кои потекнуваат од региони во Полска кои поради оваа болест биле забранети за увоз.

Трите пратки пилешки МОМ од Полска, со вкупна количина од 63 тони, чиј увоз преку граничниот премини Табановце беше спречен, се нештетно уништени на депонијата Дрисла.

Во март годинава инспекциските служби на Агенција, во рамки на акцијата ОПСОН 9 на ИНТЕРПОЛ И Еуропол, утврдија недоследност и кај еден оператор со храна кој увезол над 20 тони преработки од месо по потекло од Холандија.

Кај него со лабораториските испитувања е утврдено дека постојат неусогласености кај декларираниот производ.

Од вкупно увезената количина месни преработки, околу 17 тони се вратени на извозникот од Холандија, а повеќе од 1,7 тони преработки од месо увезени во март годинава, се нештетно уништени.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen