VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Намалено земјоделското производство

За 6,6 отсто е намален откупот и продажбата на земјоделски производи, а за седум, производството на шумски производи во третото тримесечје од 2019 година, велат податоците на Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 4,7 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 8,9 отсто во споредба со лани во истиот период. Гледано по земјоделски гранки, зголемување на откупот и продажбата на производи е забележано кај житата, градинарските растенија, добитокот и млечните производи, а намалување кај индустриските растенија, фуражните растенија, овошјето, грозјето, алкохолните пијалаци, живината, јајцата, млекото, кожата и волната и рибата.
Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во јули, додека во август и септември е забележано намалување на вредноста на откупот и на продажбата на земјоделски производи.

За седум отсто е намалено вкупното производство и на шумски производи во државните шуми. Од Државниот завод за статистика, информираат дека зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови. Намалување на шумското производство има кај трупците од листопадни видови, другото обло дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови.
Стучњаците постојано истакнуваат дека ваквите падови се должат на неконзистентната земјоделска политика.

Иако, земјоделството (вклучително и лов, шумарство и рибарство) е третиот најголем сектор по услугите и индустријата, а неговото учество во вкупниот БДП е релативно стабилен со околу 10-12%, во вкупниот БДП, можностите за поголем придонес на оваа дејност во националната економија не се целосно искористени и покрај традицијата во овој сектор, како и поволните климатски услови. Повеќе од една третина од земјоделското обработливо земјиште не се обработува. Субвенциите кои почнаа да се исплаќаат од 2007 година не ги дадоа саканите ефекти, а наместо да бидат развојна нота тие се користат како социјално-политичка алатка.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen