VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Награда од 2500 денари за оној што ќе најде угината дива свиња

Агенцијата за храна и ветеринарство ги замолува сите оние кои во природата ќе откријат угината дива свиња, да пријават во надлежната институција и да добијат парична награда

Сите оние кои во природата ќе пронајдат угината дива свиња да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 000 210, при што ќе добијат награда од 2500 денари. Ова е дел од стратегијата на Агенцијата за храна и ветеринарство, што перманентно работи за сузбивање на свинската чума кај нас и во регионот. Иако, во Северна Македонијадосега нема појава на оваа опасна болест, во соседните земји свинската чума предизвика големи штети во свињарските фарми.

Европската агенција за безбедност на храна неодамна започна со спроведување кампања за подигнување на свеста и поддршка при спречувањето на ширењето на Африканската чума кај свињите во југо-источна Европа.

Со оваа кампања се опфатени земјите кои во 2019 година ЕФСА ги идентификуваше како “засегнат регион” поради нивната географска близина со земјите во кои е присутна Африканската чума кај свињите. “Засегнатиот регион” го сочинуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Со оваа капмања ќе се даде поддршка на напорите на Европската комисија и другите меѓународни организации во насока на искоренување на оваа болест во Европа.

Инаку, Африканската чума кај свињите (АЧС) е вирусно заболување кај домашните и дивите свињи. Вирусот е безопасен за луѓето, но во многу земји има предизвикано значителни економски загуби. Во овој момент не постојат вакцини против АЧС и поради тоа појавата на жариште би резултирала со убивање и нештетно отстранување на голем број фармски одгледувани свињи во засегнатиот регион.
Земајќи го во предвид фактот дека појавата на жаришта на Африканска чума кај свињите може да има катастрофални последици, од клучна важност е откривањето, спречувањето и пријавувањето со цел искоренување на болеста.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen